Топ Новости

Новите упати „Мој термин“ од денеска и во гевгелиската Болница

Сабота, 23 Февруари 2019

Двата нови упати „Итен 24“ и „Упат без термин“ од денеска функционира и во Општа Болница Гевгелија

 

 

Двата нови упати од националниот здравствен систем „Мој термин“, од кои првиот тип е „Итен 24“ и „Упат без термин“ од денеска функционира и во Општа Болница Гевгелија.

Со помош на електронскиот систем со кој раководи Министерството за здравство и Управата за електронско здравство, новините во националниот здравствен систем „Мој термин“ се програмски достапни на лекарите специјалисти и од гевгелиската општа Болница, кои уште денеска извршија итни упати во специјализирани здравствени установи во државата.

Упатот „Итен 24“ ќе се издава доколку лекарот кој врши преглед утврди дека пациентот заради неговата состојба – животозагрозувачка, итна состојба е неопходно да биде прегледан од специјалист, односно супспецијалист, или да му биде извршена одредена дијагностичка процедура во рок од 24 часа.

Вториот тип на упат се нарекува „Упат без термин“ и се користи во случај кога пациентот има потреба од преглед, поврзан со остварување одредено право и прегледот треба да се изврши во следните 7 дена. Овој тип на упат ќе се користи доколку во установата каде што се упатува пациентот не постои слободен термин во следните 7 дена за т.н. регуларен преглед, стои во соопштението од Министерството за здравство.

Министерството за здравство и Управата за електронско здравство воведуваат новини во националниот систем „Мој термин“, со цел подобрување на здравствената евиденција и поедноставување на работата на здравствените работници, но пред се заради оптимизација на процесот на упатување на пациентите и побрзо добивање на услугата која им е потребна на пациентите, соопшти министерството.

 

Last modified on Сабота, 23 Февруари 2019 - 19:21

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.