Крстозборите - фитнес за мозокот

Недела, 02 Јуни 2019

Стурчњаците велат дека крстозборките се солиден тренинг на мозокот кој го одржува активен, млад и способен за ментално расудување.

Мозокот е толку многу ангажиран во нашиот секојдневен живот, што мора да му простиме што ја намалува брзината на работењето како што старееме.

Но, како би можеле да ја подобриме функцијата на нашиот мозок кога нашите екстремитети почнуваат да даваат знаци дека стареат? Едно ново истражување од Универзитетот во Ексетер и Кралскиот колеџ во Лондон нуди решение.

Истражувањето вклучувало 19.000 луѓе над 50 години кои правеле одредени тестови за ментална агилност. Истражувачите откриле нешто интересно - луѓето што постојано решаваат крстозбори имаат функција на мозокот еквивалентна на 10 години помлада од нивната возраст кога станува збор за граматичкото расудување, додека 8 години помлада од нивната возраст на тестови за мерење краткорочна меморија.

Се чини дека редовното решавање крстозбори навистина може да го задржи умот активен и жив. Ова е нешто за кое истражувачите и претходно се сомневале.

- „Подобрувањата се особено јасни во брзината и точноста на нивната изведба. Во некои области подобрувањето беше прилично драматично. На пример, кога станува збор за решавање проблеми луѓето што редовно решаваат крстозбори имаат перформанси што се карактеристични за 8 години помлади од нив“ - вели д-р Ен Корбет, лидер на истражувањето.

Сепак, таа нагласува дека сè уште нема апсолутни докази дека решавањето крстозбори ќе ги намали шансите за деменција.


Last modified on Недела, 02 Јуни 2019 - 10:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Бесплатен одмор за работниците со ниски примања

Јавниот повик за организиран одмор на работници чии месечни примања во

Повеќе

Водата во Дојранското езеро безбедна за капење

- „Најновите испитувања на водата од Дојранското Езеро покажаа дека е во

Повеќе

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.