Со фластер против срцев удар

Среда, 12 Јуни 2019

Природно зацелување на срцето со помош на фластер кој се „зашива“ на оштетениот дел на срцето е новото научно откритие кое наскоро ќе биде тестирано на луѓе, јавува Би-Би-Си. Овој медицински пробив од научниците на Кралскиот колеџ во Лондон може да ги подобри животите на илјадници пациенти со срцеви заболувања.

Врз група доброволци, наскоро ќе започне тестирање на нов вид природно зацелување на срце, коешто се одвива со помош на матични клетки, по настанат срцев удар. Овој принцип на природно лекување вклучува нешто налик на „фластер“ кој се „зашива“ на оштетениот дел од срцето и се претвора во здрав функционален мускул, а во истовреме ослободува хемикалии кои го обновуваат ткивото.
Срцевиот удар настанува кога затнатата артерија го блокира дотокот на крв во срцев мускул, по што прекинува снабдувањето со кислород и хранливи материи. Тоа може да значи и трајно оштетување на срцето.
Првичните тестови се покажаа успешни, а испитувањето на луѓето треба да почне наредниве две години, соопштија кардиолозите од Универзитетот Империјал колеџ во Лондон.




Last modified on Среда, 12 Јуни 2019 - 11:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Убав сончев празничен ден

Гевгеличани и околните места денеска ги осветли убав сончев ден, а и неработен,

Повеќе

Денес е Задушница - ден за спомен на починатите

Православните христијани, денес и во сабота ја празнуваат Задушница, а следниот

Повеќе

Меркел до Заев: Бундестагот ќе одобри старт на преговорите со ЕУ во септември

На денешната средба на Премиерот Зоран Заев со Германската канцеларка Ангела

Повеќе

Општина Дојран во посета на збратимената општина Медулин

Веќе седум години како општина Дојран е збратимена со општина Медулин од

Повеќе

Селото Марвинци ќе добие нов асфалт

Селото Марвинци, деновиве ќе добие нов асфалт.

Од општина Валандово

Повеќе

Почна исплатата на зголемената социјална помош

Согласно правата предвидени со новата социјална реформа од денеска започна

Повеќе

Уапсен е државниот секретар во МИОА осомничен за земање мито

Корупциски скандал со Европските фондови во државата. Поради земање провизија

Повеќе

Почнува летниот распуст за учениците

Денеска е последниот училишен ден од школската година, со што почнува летниот

Повеќе

Запален автомобил предизвика застој пред Смоквица

Пред половина час на автопатот „Пријателство“ на делницата од Смоквица кон

Повеќе

16 медаљи за гевгелиските математичари на „Кенгур без граници 2019“

Меѓународниот натпревар „Кенгур без граници“ кој се одржува во исто време во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.