Топ Новости
Лишен од слобода 19 годишен Гевгеличанец - Понеделник, 25 Ноември 2019 13:03

Грозје - овошје за здравје и убавина

Вторник, 10 Септември 2019

Плодот од виновата лоза- грозјето, познат и одгледуван и во нашите краеви, е стара билка која поради своите лековити и благородни својства е актуелна и денеска. Ја одгледувале и користеле уште пред повеќе илјадници години старите Египјани, Феникијци, Грците и Римјаните, исклучиво заради лековитото дејство на неферментираниот сок од грозје.

Свежо, сушено, во вид на сок, оцет или масло… секоја средба со грозјето благотворно влијае врз нашиот организам. Иако е навидум лесна намирница, грозјето, според својот енергетски потенцијал, е вистинска мала бомба.

Во сто грама свежо овошје (тоа е количина која може да ја собере во женска дланка со средна големина) има 70 калории, еден грам протеини, 0,2 грама масти, 20 грама јаглехидрати (од кои 15,5 грама шеќери) и еден грам диетални растителни влакна. Добар извор е на витамините А, Е и Ц, како и на минералите – магнезиум и калиум.

Благодарение на изразената концентрација на растителни пигменти (биофлавоноиди), кои му даваат и боја, грозјето спаѓа во намирници со изразен антиоксидантен потенцијал. Тие особини му даваат способност да се бори против зрачења, чадот од тутунот, лековите и другите материи што ги оштетуваат нашите клетки, а со тоа и целиот организам.

Еден грозд, здраво срце…

Постојат многу докази за влијанието на грозјето врз здравјето и врз крвните садови. Полифеноли, ресвератоли, антоцијани, катехини и кварцетини (растителни пигменти) се компоненти кои со меѓусебното дејство се превенција при појава на срцеви заболувања и болести на крвните садови, но и ја спречуваат веќе напреднатата болест. Сите овие состојки се наоѓаат во само еден грозд. Со ферментација, готвење и сушење се намалува нивната концентрација, а со тоа и нивните одбранбени својства.


Во грозјето е лекот…

„Антиоксидансите од овошјето и зеленчукот, како што се витамините А, Е и Ц, кои ги има во грозјето, значително придонесуваат за зачувување на видот“ – ова е објавено во студија од Офталмолошкиот архив во Србија. Три оброка со ова овошје на ден го намалуваат ризикот за појава на катаракта. Кожата на гроздовите е богата со влакна кои го подобруваат варењето. Од нив може да се прави и чај, кој успешно се бори против речиси 14 вида бактерии, вклучувајќи ги и ешерихија коли и стафилококус ауреус. Семките од грозјето треба внимателно да се џвакаат бидејќи е докажано дека го намалуваат нивото на холестерол во крвта.

Грозјето во служба на убавината

Ставете две полни раце зрна грозје во блендер. Ќе добиете тоник, со кој треба обилно да ја натопите кожата на лицето, а потоа да го прекриете со тенка газа. По 10 минути измијте го лицето со вода. Доколку овој третман го повторувате двапати неделно, ќе забележите посвеж изглед на кожата и намалување на ситните брчки.

Рецепти: 

Салата од туна и грозје

Потребно е: 170 грама зелена салата, 100 грама бело грозје, помала конзерва туна и за прелив сенф, малку сол, јогурт и мајонез.

Подготовка: Салатата искинете ја на парчиња, туната исцедете ја од маслото, па измешајте ги. Додајте го преливот и украсете со грозје. Изладената салата послужете ја со тост-лепчиња.


Last modified on Вторник, 10 Септември 2019 - 12:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

Пресуда: 13 години затвор за Тони Манџа за разбојништво во казино во Гевгелија

Тони Кечев (40 год) од Гевгелија, викан Манџа доби казна затвор од 13 години за

Повеќе

ТОП ТРИ пратеника „рекордери“ во патни трошоци

За три мандати седење во пратеничките клупи, односно вкупно 9 години,

Повеќе

Ученичката Јована освои трето место по физика на „Месецот на науката“

Ноември - „Месецот на науката“ донесе нови награди за учениците од Општинското

Повеќе

Собранието против уставните судии за „воскреснување“ на амнестија од Иванов

Пред пратениците во Собранието на РСМ пристигна иницијатива за толкување на

Повеќе

Проект за секундарна гасификација и нови инвестиции од 5,9 милиони денари во

Секундарна гасификациона мрежа за Гевгелија во фаза на проектна апликација пред

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.