Топ Новости

Приватните лекари и фармацевти од југот со едночасовен протест пред ФЗОМ ПЕ Гевгелија

Среда, 11 Септември 2019

Приватните матични лекари од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, сите членки на Здружението на приватните лекари на Македонија денеска со едночасовен претест пред просториите на ФЗОМ го искажаа своето незадоволство од последното соопштение на ФЗОМ од 5-ти септември 2019 во кое се налага враќање на амбулантскиот дневник како начин за евиденција на пациентите.

- „Како лекари имаме обемна административна работа со користење на електронска евиденција на пациентите, електронски дневник, електронско закажување на „Мој термин“, Електронски систем за издавање на рецепти. Новиот начин на евиденција на пациенти кој го наметнува ФЗОМ со пишување на „Амбулантски дневник“ во хартиена форма и евиденција на рецептите во „Здравствената книшка“ на пациентите е само ново оптеретување за нас лекарите. Наместо да се насочиме кон квалитет на здравствената услуга за пациентите, кои ги нудиме во нашите здравствени установи, сега ќе треба поголемиот дел од работното време да го потрошиме во административна работа и рачно пишување што го наметнува Фондот“ реагираат лекарите од четирите јужни општини од државата.

Тие се обратија со писмена РЕАКЦИЈА до Подрачната единица на ФЗОМ во Гевгелија потпишана од членките на ЗПЛРМ за неприфаќањето ретроградната мерка која ја налагаат од Фондот.

- „Пишувањето на амбулантскиот дневник во хартиена форма и здравствената книшка е застарен метод и враќање 6 години назад откако тој е исфрлен од употреба со тогашните реформи на здравството. Веќе 60 одсто од пациентите немаат здравствени легитимации и доаѓаат кај матичните лекари без никаков идентификационен документ, знаејќи дека постојат во електронската евиденција на пациентите кај одбраниот матичен лекар. Во нашите амбуланти имаме беспрекорна електронска евиденција како и индивидуален здравствен картон кој го пополнуваме за секој пациент со сите детали за неговата здравствена состојба. Враќањето на хартиената евиденција и наложувањето лекарите да се вратат на работа по старо, за нас значи уназадување на работата, обременување со административни постапки, а тоа значи повеќе чекање за пациентите.
Ние приватните матични лекари од четирите општини од југот на државата, членки на Здружението на приватните лекари на Македонија не сакаме да работиме на штета на квалитетот на здравствената услуга која им ја должиме на пациентите и сме против воведувањето, односно враќањето на ретроградниот „амбулантски дневник“. Нас ни’ треба времето за пациентите. Враќање назад не прифаќаме“, децидни се во своите барања лекарите.

Освен реакциите, денеска на овој заеднички јавен протест, сите лекари - членови на Здружението на приватни лекари на Македонија од Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово ги потсетија надлежните на своите безусловни БАРАЊА:

1. Повлекување на ретроградниот хартиен амбулантски дневник;
2. Повлекување на намерата за евиденција на издадените рецепти во здравствената книшка на пациентот
3. Задржување на електронската евиденија на работа со пациентите.
1. Покачување на БОДОТ за пациент, и
2. Не прифаќање на високата казнена политика која оди и до 100% од месечниот износ на капитацијата.

Бараме од ФЗОМ да ги прифати нашите барања кои доаѓаат од нас како директни вршители на дејноста, кои се во секојдневен контакт со пациентите, а тие го заслужуваат нашето време на пружење здравствена помош, а не хартијата“, порачуваат лекарите до раководните челници од ФЗОМ.

На протестот се придружија и фармацевтите од Гевгелија, како директно засегната страна со барањето на ФЗОМ при издавањето на лекови по рецепт да се врши идентификација на носителот на рецепт со лична карта или пасош. Присутните од името на својата фела најостро се спротивставија на таквата здравствена политика која им налага на работното место да „изиграваат“ полицајци и да ги легитимираат граѓаните кои носат рецепт.
- „Кај нас како фармацевти задолжителна е легитимацијата кај нарколептиците. Тоа е по закон. Како сега ни налагаат да трошиме време да ги идентификуваме пациентите со ЛК и пасош, наместо нашето работно време да го користиме за услуга за објаснување на лекот, дејството на лекот и слично. Ова не е во прилог на фармацијата, ниту во прилог на пациентите“, беа изрични присутните фармацевти на денешниот протест.

Тројца претставници на Здружението на приватни лекари од Гевгелија и Богданци во текот на траењето на протестот доставија писмена реакција со своите Барања до ФЗОМ ПЕ Гевгелија. Од таму се вратија со објаснување дека во текот на денот пристигнал меил од ФЗОМ Скопје во кое се вели дека мерката за проверка на пациентите кои подигат рецепт во аптека со Лична карта или пасош ќе започне со примена од 1 октомври 2019, а за здравствениот хартиен дневник воопшто не станува збор, што значи се исфрла како опција за работа.

Приватните лекари ова го сватија како своја победа и разумност на надлежните од ФЗОМ да ги слушат професионалните реакции од здравствените работници кои се директно во контакт со пациентите, примателите на нивните услуги, кои бараат квалитет и здравје, а не писмени оптеретувања.

Додека траеше протестот на два пати падна малтер од фасадата на ФЗОМ. Лекарите реагираа до мајсторот кој работеше на вториот кат од зградата дали е ова опструкција на надлежните кон нивниот протест, кога го оставиле да работи над нивните глави. Мајсторите по извесно време дојдоа да им се извинат на 22-мината лекари и фармацевти од денешниот протест во Гевгелија, за несаканата постапка од нивната работа.

 

Last modified on Среда, 11 Септември 2019 - 15:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јане Велковски од Македонија ќе учествува преку УНИЦЕФ на самит на ОН

Единаесет годишниот Јане Велковски, кој е застапник на деца со попреченост од

Повеќе

Ученици собраа 53,2 кг пластичен отпад од „Илинденска“ во Гевгелија

Екоакцијата организирана на крајот од работната недела во Гевгелија на улица

Повеќе

Во декември почнува „Мој ДДВ – Моја Награда“ со награден фонд од половина

Две главни награди, но и доделување на дневни и месечни награди со вкупен

Повеќе

Ветинг во судството вети Заев на граѓанска трибина во Велес

По низата реакции во јавноста за застарените судски случаи кои судот ги

Повеќе

Средба на борците од Кленоец и Гевгелиски членови на СЗБ од НОБ

Во чест на народниот херој Јосиф Јосифовски Свештарот кој е по раѓање

Повеќе

Еденипол часовен протест на судската администрација во Гевгелија

Триесет и тројца вработени во Основен суд Гевгелија со работен статус „судска

Повеќе

Иницијатива за незастарување на кривични дела направени од функционер

Екпертите со иницијатива: Кривичните дела сторени од функционери да не

Повеќе

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.