Протест против насилството врз белите мантили одржан во Гевгелија

Среда, 18 Септември 2019

Докторите од Општа Болница Гевгелија заедно со колегите од Здружението на приватните матични лекари кои работат во Гевгелија, придружувани од медицинските сестри и медицинскиот персонал денеска точно напладне, во кругот на Болницата, одржаа полчасовен протест со прекин на работата под мотото „Стоп за насилството врз здравствените работници“.

На овој начин тие се придружија кон иницијативата на Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари кои повикаа на протест пред Клинички Центар во Скопје, во знак на јавно искажување на незадоволство од последните случаи на вербално и физичко насилство врз доктори и медицински персонал додека тие ја обавуваат својата работа спасувајќи животи и помагајќи за здравјето на пациентите.

Протестот следуваше по неодамнешните напади на лекари и медицински персонал во болницата „Свети Наум Охридски“ во Скопје, во Поликлиниката Драчево, а напади имаше и во Тетово и во Кавадарци.

На оваа иницијатива искажана уште минатата недела се огласи и министерот за здравство Венко Филипче кој изјави дека го поддржува протестот и дека ќе биде дел од истиот. Поддршка на протестот најавија и Синдикатот на Клинички центар, како и членови на здруженија на здравствени работници.

Денеска во кругот, паркот на Болницата Гевгелија белите и зелените мантили од сите одделенија на болницата заедно се солидаризираа со општата слика на деградација на професијата лекар и работник во здравството, соочувајќи се со случаи на вербални закани, за среќа без физички последици врз здравствениот персонал.
- „Заради таквиот третман на професијата ни' се случува тоа што ни' се случува - заминување на младите лекари од Македонија, одбирајќи да работат во подобри услови дадени за обавување на професијата во друга странска земја, а ние „кубуриме“ со медицински персонал“, изјавија дел од присутните лекари.

- „Болницата во Гевгелија има обезбедување од 07 до 15 часот и 24 часовна патролна служба од ангажирано обезбедување. Досега немаме случај на физички инциденти и физичко насилство, но не би сакале да го има. Затоа, на овој начин искажуваме потреба да се врати дигнитетот и односот кон здравствените работници од страна на пациентите, оние за кои ние работиме“, изјави директорот на Општа Болница Гевгелија, Митко Крџев.

Додека траеше протестот немаше итни повици и никој од пациентите не беше оставен без здравствена нега во болничките одделенија и амбуланти.


Last modified on Среда, 18 Септември 2019 - 14:12

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.