Бесплатен скрининг на дојка за жените од општините Гевгелија, Богданци и Дојран

Четврток, 19 Септември 2019

Општата Болница од Гевгелија со меѓународниот проект „Health info“ ќе започне со бесплатен скрининг на дојка за женската популација од подрачјето на општина Гевгелија со сите населени места каде здравствена надлежност има Болницата.

- „Проектот се реализира со финансиска поддршка од ИПА фондовите на Европската Унија и ќе трае две години. Со истиот ќе бидат опфатени жените од Гевгелија, Богданци, Дојран и Миравци со масовен скрининг на возрасната популација.
Реализацијата на проектот е најавено да започне од 1 ноември годинава“ изјави за GevgelijaNET директорот на Општа Болница Гевгелија со проширена надлежност, д-р Митко Крџев.

Најпрво ќе бидат посетени населените места, ќе бидат организирани информативни сесии со женскиот дел од населението, информирањето за возрасните ризици од рак на дојка, раното дијагностицирање како превентива за успешна интервенција и терапија.
- „Во проектот е предвиден бесплатен скрининг со мамограф и ехо на дојки, апарати кои веќе ги поседува Болницата, а ќе се изведуват во одделот за рентгенологија во Општа Болница Гевгелија. За сите заинтересирани да го проверат своето здравје, здравјето на дојките и да ги исклучат можностите од грижи за подоцнежни импликации, прегледот е бесплате. За сите жени со место на живеење надвор од Гевгелија, ќе биде обезбеден бесплатен превоз од населеното место каде живее, до Болницата каде што ќе се изведува прегледот“ појасни д-р Крџев.

Според податоците на специјалистите по медицина на одделот онкологија при Медицински факултет во Скопје 40% од пациентите на Клиниката за онкологија со рак на дојка доаѓаат од Гевгелија. Тоа е само еден фрапантен податок кој ја оправдува целта и реализацијата на овој проект.

Здравјето е најважно, а превентивата еден наш чекор до неговото одржување.
Целиот наслов на двогодишниот проект е: „Унифициран информационен систем за размена на информации помеѓу примарните здравствени единици во Пограничното подрачје за итни здравствени случаи“ и се спроведува преку Програмата за меѓугранична соработка на Европската Унија.


Last modified on Четврток, 19 Септември 2019 - 13:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.