Бесплатни вакцини за сите пензионери, трудници и деца до 5 години

Среда, 02 Октомври 2019

Со одлука на Владата од август годинава вакцинацијата на ризичните групи граѓани е бесплатна. Тоа денеска го потврдуваат од Институтот за јавно здравје кои ги најавуваат подготовките за старт на инунизацијата на граѓаните пред претстојната сезона на грип. Вакцините ќе бидат бесплатни за сите граѓани над 65 годишна возраст, за трудниците и за децата до 5 годишна возраст. Исто така имунизацијата ќе биде задолжителна и за медицинските работници.

Надлежните преку донација обезбедиле 10.000 дози за медицински лица кои се први на удар на вирусот.

– „Од две причини е важно да бидат имунизирани. Прво да се заштитат себеси од заразата и второ да не бидат причина за ширење на вирусот“, вели Владимир Микиќ епидемиолог во Институтот за јавно здравје на РСМ.

Годинава нема да има ограничувања со висината на пензијата и вакцините ќе бидат бесплатни за сите лица постари од 65 години. За заштита од грип нема да плаќаат и трудници, деца до 5 годишна возраст, хронично болни и пациенти на геријатрија. Во тек е тендерот во Министерството за здравство за набавка на 28.000 вакцини за оваа категорија на граѓани. Освен бесплатните, Центрите за јавно здравје ќе набават и 21.000 комерцијални вакцини за сите кои сакаат да се заштитат од грип и за тоа ќе треба да ја платат цената на вакцината.

Епидемиолозите очекуваат имунизацијата да започне на почетокот на идниот месец. Претходната сезона заврши со околу 22.000 заболени и 29 смртни случаи. „Ниту еден од починатите не беше вакциниран против грип. Грипот знае да даде сериозни и тешки компликации и затоа имунизацијата е најдобрата превентива“, вели Микиќ.

 

Last modified on Среда, 02 Октомври 2019 - 20:00

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.