Топ Новости

Филипче: Бесплатни ортопедски помагала, а од година и бесплатна терапија за сите заболени од карцином

Недела, 06 Октомври 2019

По три жени дневно заболуваат од рак на дојка во Македонија. Бројот на заболени за последните 10 години е двојно зголемен. За да ја зголемат свеста за оваа болест неколку генерации од семејства на болни денеска се собраа на „Школка“, да чекорат заедно со оние се борат со оваа болест. По 11 ти пат здружението „Борка“ е организатор на розевиот марш за подигање на свеста во борбата против ракот на дојка.

Eден од главните проблеми со кој се соочуваат овие жени е тоа што не можат навремено да ги направат прегледите кои се потребни за рано дијагностицирање. Години наназад за мамографија и скрининг програма се чека со месеци.
Министерот за здавство Венко Филипче, кој даде поддршка на оваа кампања истакна дека мамографите се целосно сервисирани и се во функција од средината на минатиот месец.
- „Веќе во тек е набавка на нови осум мамографи и паралелно на сето тоа го започнавме розовиот караван заедно со здружението „Борка“ за подигање на свеста за рано дијагностицирање на ракот на дојката кај женската популација.

- „Во периодот од 01.01.2017 година до 30.09.2018, во Националниот систем за електронски евиденции се евидентирани 60.787 прегледи за 8.157 пациенти заболени од малигна неоплазма на дојка. Најмладата пациентка има 17 години, а најстарата 97 години. Вкупниот број на жени со дијагностициран рак на дојка за кои во 2018 година е евидентиран преглед во Националниот систем е 6,200“, потенцираше Филипче.
Тој во своето обраќање на настанот „Напред розово“ посочи дека кај жените најчестата причина за смрт од малигни неоплазми во перидот 2010-2017 година е малигната неоплазма на дојка.

- „За првпат сите жени со рак на дојка имаат терапија. Спроведовме набавка на скапа цитостатичка терапија и сите жени на кои им е потребна терапија после операција или без операција на карцином на дојка, сега се покриени со целата терапија што им е потребна. Воведена е и иновативна терапија за т.н. ХЕР2 карцином на дојка и таа терапија како второлиниска ја примаат 15 пациентки. Тука се и сите тестови за пристапот да биде индивидуализиран, се внимава на најсовремените терапевтски пристапи, како што е тоа во најразвиените европски земји. Чекориме заедно. Не сте сами!“ - изјави министерот Филипче.

Тој за годинава најави дека за сите пациентки со операција на дојка обезбедени се бесплатни градници како ортопедско помагало, а од следната година за сите пациенти со малигни заболувања се планира бесплатна дијагностика и бесплатен понатамошен третман за сите дијагностицирани болни со карцином.

Last modified on Недела, 06 Октомври 2019 - 20:28

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.