Пуштено во употреба новоизграденото Акутно одделение на ЈЗУ „Психијатриска Болница“ Негорци

Понеделник, 07 Октомври 2019

По шестмесечни изведбени работи, од кои три месечен застој поради зимските услови, денеска на свечен начин во присуство на Министерот за здравство Венко Филипче придружуван од Државниот секретар на Министерството, беше пуштен во употреба реновираниот, всушност целосно новоизграденото ново Акутно одделение при ЈЗУ „Психијатриска Болница“ Негорци.

Целиот проект вреден 9.460.000 денари е сопствена инвестиција на Јавната здравствена установа, а изведувач на работите беше фирмата „СИМАК инжинеринг“ од Скопје.

Новото реновирано одделение е изградено по најсовремени стандарди кои ги бара современото здравство. Има зголемена градбена изградена површина со додатен дел на доградба, со вкупна површина од 520 метри квадратни, наместо досегашните 460 м2. Во него плански се изградени нови простории за докторите-психијатри, приемно одделение, амбуланта, соби за изолирање на акутно вознемирени пациенти, соби за престој на посетители, болничко сместување на пациенти, чекални, трпезарија.

Директорката на ЈЗУ „ПБН“ д-р Љуба Цилкова по повод настанот изјави дека првата мисла водилка за изградба на овој проект е првиот впечаток на секој пациент кој доаѓа во установата да им биде пријатен и удобен и да им остане во пријатно секавање со тераписко успешен зафат кога ќе се вратат дома меѓу семејството. Од друга страна новото реновирано акутно одделение нуди нови и современи услови за работа на самите вработени кои на овој начин ќе имаат поголем поттик за изведување на својата и до сега самопрегорна работа. Ние тука нема да застанеме продолжуваме со подобрување на условите во Болницата“, изјави д-р Цилкова.

Честитки за постигатото и за сопствената инвестиција со особено задоволство до раководството на Установата и до работниот персонал упати Министерот Венко Филипче, кој истакна:
- „Оваа Болница и институција со години наназад е позната и по својата експертиза и е од драгоцено искуство. Оваа инвестициска градба е еден нов дел кој нуди услови за рано детектирање на проблемите каде не треба хоспитализација. При тоа се испуштаат дома и тоа значи како за квалитетот на животот на пациентот, така и за трошоците на овој здравствен систем. Морам да ја поздравам Вашата иницијатива истакна Министерот, за дисперзија и деинституционализација на пациенти кои можат да се дисперзираат надвор од овој болнички систем, што како систем се практикува во многу развиени европски замји. Уште денеска ќе започнеме со подготовка на просторниот и административниот дел и искрено верувам дека до крајот на годината, еве до Нова Година ние во Гевгелија ќе промовираме Хостел на деинституционално лекување на пациенти кои имаат хронични психијатриски потешкотии и заедно со дел од медицинскиот персонал од оваа Установа ќе можат да го користат овој тип на лекување“, истакна Министерот Филипче.

Тој изјави дека од Министерството ќе продолжи поддршката за Установата и со капацитет и финансиски. „ Еве сега зголемен е капацитетот на оваа Болница за 10% и во простор и во кадар и во медицински персонал, зголемување на средствата и за платите и за дежурствата, за да го достигнеме ветувањето до 2020 година примањата на лекар специјалист да бидат до 100.000 денари.

Министерот се заблагодари што ЈЗУ „Психијатрсика Болница Негорци“ учествувала во изготвувањето на Националната стратегија за здравството во областа на психијатријата и од скоро време заедно со другите психијатриски установи, ќе започне да се имплементира ширум во државата.

На пригодниот настан по повод пуштањето во употеба на новото реновирано и проширено Акутно одделени присуствуваше градоначалникот на општина Гевгелија, Сашо Поцков, доктори од Општа Болница Гевгелија, од Општа Болница Струмица, од Психијатриската Болница од Демир Хисар, како и најстарите доктори неуропсихијатри кои својот работен век и знаење го вложиле во оваа Установа во Негорци, Д-р Јовиќ Димитрие и д-р Ризов Горѓе, и двајцата пензинери. Чест и задоволство беше и за персоналот да бидат дел од одбележувањето на ова самостојна проектна реализирана инвестиција на Болницата.

 

Last modified on Понеделник, 07 Октомври 2019 - 16:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Тридневен фестивал на храна и вино во Гевгелија

Денот на општина Гевгелија 7-ми нoември ќе биде почеток на најавениот тридневен

Повеќе

Сенатот на САД го ратификуваше протоколот за НАТО за Македонија

Со 84 гласови „ЗА“ и 2 против Американскиот Сенат, доцна синоќа во забрзана

Повеќе

Италија го враќа прашањето за почнување на преговорите, Макрон доаѓа во Скопје

Италија ќе го враќа прашањето за преговорите за членство на Македонија и

Повеќе

Предвремени парламентарни избори на 12 април 2020

По четиричасовна дебата на лидерите на релевантните политички партии

Повеќе

Пендаровски: Македонија продолжува на патот кон ЕУ

- „Не постои друга алтернатива на подолг рок освен членство во Европската

Повеќе

Запленети 11 килограми дрога на Богородица

Денеска, сабота 19 октомври, во текот на работниот ден, царинските работници на

Повеќе

Јубилејна 20-та Ракијада во Валандово

Земјоделскиот одгледувач, лозар и ракијар Васил Пиндеров од Пирава ја понесе

Повеќе

Премиерот Заев по повод заклучоците на Европскиот Совет

По враќањето од Брисел и одлагањето на одлуката за почеток на преговори на

Повеќе

Златна награда „Глобаллокал“ за Општина Гевгелија

Општина Гевгелија е добитник на Златната награда „Глобаллокал“ во Средна и

Повеќе

Донесени заклучоците: Европскиот совет ќе се наврати на прашањето за Македонија

Самитот на европските лидери заврши без договор за отворање преговори со

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.