Топ Новости

Патувајте - за овие болести е благопријатно и лековито

Сабота, 19 Октомври 2019

Природниот баланс на нашиот организам треба некогаш да го поттикнеме и со патувања, но сепак тоа е благопријатно и лековито за само одредени болести. За некои болести на човековиот организам позитивно делува секоја можност за патување, промена на средината на престој, престојот во природа, сончевата светлина која е неопходна за животниот оптимизам. Кои се тие болести, кои ќе Ве натерат да размислувате за патување:

Алергија

Оние кои имаат проблеми со алергија знаат колку е мачно да се борат со тегобите кои таа ги предизвикува. За жал, во последниве години, бројот на заболени од алергија се' повеќе расте, а кај голем број граѓани кои со години се справуваат со алергиите може да се искомплицираат до појава на астма.

Каде да отпатувате?

Во овој случај, треба да одберете место каде има помали количини на полен. Истражувањата покажуваат дека најмала количина на полен има на планина. На висина од 1.200 метра надморска височина, концентрацијата на алергени е многу помала, а на висина од 2.000 метри воопшто и ги нема. Доколку оваа зима не можете да отпатувате таму, секоја друга планина може да ви помогне. Во нашата земја има преубави места каде што може да отпатувате, барем на еден викенд.

Бронхитис

Голем број луѓе, вклучувајќи ги и младите и децата имаат проблем со дишните патишта, или патат од хроничен бронхитис. Ова е последица од загадениот воздух, влага или ладното време.

Каде да отпатувате?

Море! Најдобра дестинација е морето поради големата количина на јод која ја поттикнува циркулацијата на слузокожата. Покрај тоа, и планинскиот свеж воздух има голема моќ да ги освежи дишните патишта. Затоа, за оние кои нема да одат на море, макар на престој покрај море, не мора на плажа, тогаш планината е решение.

Реума

Болката во зглобовите и нивното отекување претставува борба која имунолошкиот систем ја води против целиот организам. Иако, се уште не се знае како настанува, ниту постои траен лек, витаминот Е и омега 3 киселините може да помогнат за олеснување на болките.

Каде да отпатувате?

Реумата најмногу се лечи во бањите, природните извори каде извира вода богата со сулфати и натриум. Во Македонија, има неколку бањи каде може да ги посетите, а за гевгеличани предност е близината на нашите Негорски минерални Бањи.

Стрес

Секојдневно сме изложени на стресни ситуации, на работа, дома, во сообраќај. Денес, слободно може да кажеме дека не постои човек кој не пати од стрес, кој многу често може да доведе до поголеми компликации во здравјето.

Каде да отпатувате?

Луѓето кои се постојано изложени на стрес, препорачливо е да патуваат почесто. Идеално место: село. Обидете се да најдете некое место богато со појзажи, Смрдлива Вода, или Серменин на пример, а убава глетка на зеленило кое смирува е и околинта на Негорските Бањеи во Гевгелија. Обидете се да ги препуштите сетилата на природниот спокој, да седнете мирно во природа,покрај изворче, или фонтаните покрај Бањеите, да издишете длабоко и за кратко време ќе го повратите мирот во вашиот организам.

Мигрена

Силни главоболки, мачнини во желудникот, иритација на најмал звук или светлина се дел од симптомите за настапувањето на мигрена.

Каде да отпатувате?

Препорачливо е патување на езеро, некаде каде што нема да почувствувате нагли промени. Избегнувајте силни мириси, а езерото токму тоа ви го нуди. Предлог: Дојранското езеро кое е во близина, мирната шир на акумулацијата Паљурци со летниковците за престој покрај езерото, или прошетајте до Смоларските водопади. Подалечните избори Охрид, или грчките туристички излетишта зависат од вашиот избор и домашен буџет. Нека следната ваша “терапија“ биде прошетка до Дојран и пешачката патека која е обновена.


Last modified on Сабота, 19 Октомври 2019 - 13:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

Одбележан Водици во Богданци, Стојаково и Ѓавото

Граѓаните на Општина Богданци и тамошната црква се придружија на одбележувањата

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.