Топ Новости

Судот во Велес ја продолжи судската постапка за случајот Кадиева

Петок, 08 Ноември 2019

По жалба на Јавното обвинителство од Велес, а со одобрување од Апелациониот суд, денеска започна продолжена судска постапка за случајот со смртта на родилката Кадиева и нејзиното новороденче, со насока од Апелација да се испита степенот на одговорност на гинеколозите кои го вршеле оперативниот зафат-царски рез.

„Основното јавно обвинителство во Велес, почитувајќи го законскиот рок по приемот, вложи жалба на Пресудата на Основниот суд Велес во предметот за смртта на родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.
Имено, со првостепената пресуда на Основен суд Велес двајца доктори гинеколози беа ослободени од обвинение дека сториле кривично дело – Тешки дела против здравјето на луѓето од чл. 217 ст. 1 од Кривичниот законик, додека докторот анестезиолог беше осуден за истото кривично дело на ефективна казна затвор во траење од 4 години и му беше изречена забрана на вршење професија, дејност или должност.

Сепак, надлежниот јавен обвинител смета дека во предметот станува збор за воопшто несовесно постапување на тројцата лекари од ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија како последица на кое при породување настапил смртен исход кај родилката Маја Кадиева и нејзиното новороденче.

Жалбата е поднесена поради погрешно утврдена фактичка состојба. Во неа, Основното јавно обвинителство Велес наведува дека на страната на лекарите гинеколози има пропусти кои во целина со пропустите на анестезиологот довеле до смртниот исход“, се вели во соопштението на Јавното Обвинителство на РМ.

Жалбата на ЈОРМ беше доставена во декември 2018. Истата е уважена од Апелација и предметот е вратен на повторно судење до Основниот Суд во Велес со насока да се испита степенот на одговорност за двајцата гинеколози кои го вршеле оперативниот зафат - царски рез кај родилката, д-р Чалков и д-р Москов од Струмица.
Продолжувањето на судскиот предмет започна денеска во Основниот суд во Велес во присуство на обвинетите, нивните адвокати, а за сведоци беа повикани докторите: неонатолог, интернист  и гинеколог.

Родилката Маја Кадиева и нејзиното бебе починаа во октомври 2015 година во гевгелиската болница при породување со царски рез. Одбукцијата покажала дека смртта настапила од задушување поради погрешна интубација и обид за реанимација. 
За смртта на родилката и нејзиното дете беше покренато обвинение од ОЈО против двајцата анестезиолози (едниот од нив почина) и двајцата гинеколози. Пресудата по обвинението во септември 2018 донесе казна затвор само за анестезиологот д-р Ванчев, а не и за гинеколозите. ОЈО со жалба бара одговорност и за гинеколозите и повторување на судската постапка.


Last modified on Петок, 08 Ноември 2019 - 20:38

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Изгласана минимална плата од 14.500 денари во Собранието

Попладнево пратениците во републичкото Собрание го изгласаа Законот со кој

Повеќе

Агрометеоролошки станици за заштита на земјоделските посеви во Гевгелија

Со проект на Центарот за развој на Југоисточниот плански регион, каде припаѓа и

Повеќе

Од утре, 15 ноември, задолжително поседување на зимска опрема за возилата

Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека во периодот од

Повеќе

13 Ноемвриската „награда“ за Никола Груевски!

Несреќна 13 – ка. Барем вакви се верувањата за овој број. Но 13 – ти ноември

Повеќе

Во Гевгелија наврнаа 35 литри дожд на 1м2 за едно деноноќие

Во изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа вкупно 35 литри дожд на еден метар

Повеќе

Гевгеличанец тешко повреден во сообраќајка на патот Струмица-Валандово

Во текот на вчерашниот ден (вторник 12.11.2019) во 09.00 часот се случила

Повеќе

Гевгелискиот Совет изгласа двојно НЕ - НЕ за отпадно гориво, НЕ за рудници на

Советот на општина Гевгелија денеска на својата редовна 35-та седница донесе

Повеќе

Се бара по вторпат НЕ за отпадно гориво, по третпат НЕ за рудници во Гевгелија

Инвеститорите притискаат, Гевгелија повторно треба да одговори дали одобрува

Повеќе

Ќе има ли избори на 12 април?

Во партијата на Ахмети велат дека изборите на 12 април би ја загрозиле

Повеќе

Дојранското Езеро порибено со 1,5 тони крап

Според годишната програма за развој на рибарство на Владата и Министерството за

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.