Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Kалинката - плод кој ниси здравје

Петок, 15 Ноември 2019

Се смета дека потекнува од стара Персија. Денес најмногу се одгледува во Тунис, Турција, Египет, Шпанија, Мароко, Иран, Кина, Калифорнија, Русија. Во Македонија во Валандово, Гевгелија, Дојран…

Овој неверојатно корисен плод содржи уникатни состојки кои се одлични за здравјето на човекот. Ослободува хормони на среќа со што го подобрува расположението, изобилува со витамин Ц, антиоксиданти за заштита на срцето, калиум и калциум за здравје на коските… За калинката се вели дека е најдобриот пријател на мажите.

Постојат најмалку 5 причини зошто треба почесто да ја јадете калинката, еден од најздравите плодови на светот.

ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ

Еден плод калинка задоволува дури 16% од дневните потреби за витамин Ц. Затоа редовно се препорачува за јакнење на имунитетот, а посебно во зимскиот период, кога е сезона на настинки, вирози и грип.

ГО ШТИТИ СРЦЕТО

Во калинката се наоѓа антиоксидантот пуницалагин кој благотворно делува за здравјето на срцето и крвните садови. Редовната консумација на овој плод го намалува крвниот притисок и го намалува нивото на лошиот холестерол во организмот.

ГО ПОДОБРУВА РАСПОЛОЖЕНИЕТО

Ако сакате да го промените расположението на подобро, јадете калинка. Ова овошје е полно со фитохемикалии кои поттикнуваат создавање на серотонин, хормон кој регулира бројни биолошки функции во телото, од телесна температура до апетит.

Кога е во рамнотежа, дава чувство на ментална опуштеност и задоволство.

ГИ ЧУВА ЗАБИТЕ И КОСКИТЕ

Калинката е богата со калиум , калциум, фосфор и железо, па се смета како голем чувар за здравјето на забите и одлична превенција од остеопороза.

ГО ПОДОБРУВА МАШКОТО ЗДРАВЈЕ

Докажано е дека екстрактот од калинка има и до 10 пати посилно дејство од самиот плод. Една чаша сок дневно, на пример, го подобрува квалитетот на спермата, ја намалува можноста од добивање на еректилна дисфункција и ја заштитува простатата. Проблемот на еректилна дисфункција – оксидативните оштетувања може лесно да влијаат на протокот на крвта низ целото тело. Овој ефект сè уште се испитува, но засега испитувањата покажаа позитивни резултати.

Сокот од калинка е одличен сојузник за уништување на бактериите во организмот, како што се ешерихија коли и стафилококи.

Ако ја немате во двор, побарајте ја на пазар оваа корисна и здравствено ефективна овошка.

 

Last modified on Петок, 15 Ноември 2019 - 13:46

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.