Топ Новости

„Марш во молк“ за поддршка на болните од канцер во Гевгелија

Понеделник, 18 Ноември 2019

Граѓани, активисти и бројни работници кои утре (вообичаено како и секој ден) ќе го напуштат работното место од погоните на улица „Индустриска“, движејќи се на пат за дома низ Булеварот „Гевгелија“ утре, 19 ноември, со марш ќе им дадат поддршка на болните од рак и нивните семејства.

Од Здружението ChangeMakers4all, кои се организатори на маршот, на прометно место и во шпиц од крајот на работното време, на ваков начин бараат поголема видливост и поддршка за болните од рак преку обезбедување на лекови, финансиска поддршка за патот до Скопје за пациентите, како и нивната придружба.

Маршот ќе започне во 15:10 часот од пешачкиот премин на булевар Гевгелија, (излезот од ул. „Индустриска“), а ќе заврши до пред пешачкиот премин во центарот на градот, пред плоштадот „Маршал Тито“.

Марш во молк е со цел за подигање на свесноста за алармантната состојба со бројката на заболени и починати од канцер. Марш во молк е со иницијатива за формирање на здружение кое ќе се занимава со оваа тема од животот на луѓето, со раководство кои што ќе даде се' од себе за барање и исполнување на потребите кои што се од животно значење за нашите сограѓани заболени од ова болест, се наведува во објавата за утрешниот настан.

Учесниците на маршот на овој начин сакаат да укажат на потребата од поддршка за одредени лекарства, финансиска поддршка за патот до Скопје за пациентот, а и придружбата на заболеното лице, барање можност да се отвори посебно одделение во градот со обучени лица, за хемо терапија која ке го покрива регионот на Гевгелија, Богданци, Валандово и Дојран, за оласнување на третманот на овие болни.

Ова е марш во молк и во знак на почит на сите кои ја изгубија битката со канцерот и потсетување за свесно залагање за подобрување на условите за третман на овие болни со пораката: „И ти може да бидеш пациент!!“


Last modified on Понеделник, 18 Ноември 2019 - 18:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.