Топ Новости

Марш за поддршка на болните од рак во Гевгелија

Вторник, 19 Ноември 2019

Повеќето жени, малку мажи, членови на семејства со лица болни од канцер и сегашни и поранешни пациенти денеска попладне одржаа „Марш во молк“ за поддршка на сите кои патат од оваа современа болест на 21 век.

Со постројување на пешачкиот премин и петминутна блокада на булевар „Гевгелија“ маршот започна во 15:10 и продолжи по улицата „7-ми ноември“ се' до центарот на градот.

Пред присутните на маршот се обрати организаторот, претседателката на „Changemakers4all“ Марија Томова, наши сограѓанки кои се соочиле со оваа болест. Тие ја истакнаа потребата од организирана грижа за пациентите кои одат на терапија во онколошкиот центар во Скопје, со можност за покривање на патните трошоци, или отварање на соодветно одделение за грижа на пациентите од четирите јужни општини во Македонија.
Поддршка испорача од името на организацијата за борба против рак „Борка“ од Скопје, претседателката Биба Додева, порачувајќи им на присутните дека иако маршот е во молк ова е врисок кој далеку се слуша, ова е очајно барање дека и болните од рак се живи и имаат свои потреби.

Организаторите побараа таква организација која ќе се грижи за пациентите од овој вид да се формира и во нивниот крај.

Last modified on Вторник, 19 Ноември 2019 - 21:27

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.