Топ Новости

Објавен конкурс за доделување стипендии на студенти по медицина од општина Гевгелија

Среда, 20 Ноември 2019

Од 15 ноември до 4 декември трае огласот за доделување на пет стипендии на запишани студенти по медицина, од учебната 2019/2020 година, а се жители на општина Гевгелија.
Огласот го распиша Општина Гевгелија по претходно донесена одлука од страна на Советот на општината за одвојување средства за стипендирање на студенти по медицина, со цел подобрување на кадровите потреби од оваа област за општината професионално насчена во улога за зачуввање и подобрување на јавното здравје на граѓаните.

На конкурсот можат да се јават сите студенти, кои се жители на општина Гевгелија и се редовни студенти запишани во студијската 2019/2020 година, на прв циклус на студии на Медицинските факултети во РСМ-отсек општа медицина.
Според критериумите за доделување на стипендии, покрај успехот во средното образование и освоените сертификати и дипломи на натпревари, на конечниот избор ќе влијаат материјалните можности на студентот и неговото семејство, како и тоа дали потекнуваат од самохран родител.
Врз основа на освоените бодови според утврдените критериуми комисијата ќе изготви посебна ранг листа на кандидатите.

Конкурсот е објавен на веб страната на општина Гевгелија, пријавите се поднесуваат до 4 декември 2019 година, а се поднесуваат до архивата на општина Гевгелија, или по пошта на адреса – Општина Гевгелија, улица „Димитар Влахов“ бр.4, 1480 Гевгелија.

Висината на стипендијата ќе изнесува 6.000 денари месечно, а ќе бидат одвоени од посебна ставка на Буџетот на Општината.
Овој потег на стимулирање на студенти од областа на медицината е еден од начините општината да се справи со недостаток на кадри за обавување на здравствената дејност, лекари и специјалисти.


Last modified on Среда, 20 Ноември 2019 - 15:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Трето место за гевгелиски средношколец на 43-та Школа „Мади физичари“

Во рамките на манифестацијата „Ноември-месец на наука 2019“, при крајот на

Повеќе

Одбележан патронот во ООУ „Климент Охридски“ Миравци

Со пригодна програма подготвена од учениците од ООУ „Климент Охридски“ од

Повеќе

Лишени од слобода 5 лица од Гевгелија, а еден малолетник заработи кривична

Министерството за внатрешни работи известува дека во четвртокот (05.12.2019) во

Повеќе

Трибина „Нема оправдување - заедно против насилството врз жени и девојчиња“

Во рамките на меѓународната кампања 16 дена женски активизам против насилството

Повеќе

УЈП започна со исплата на повраток на ДДВ кон физичките лица

Со мерката МојДДВ од денеска Управата за јавни приходи започна со исплата на

Повеќе

Заменик министерот за локална самоуправа Павлески во посета на Гевгелија и

Работна посета на двете јужни општини Гевгелија и Богданци беше дел од

Повеќе

Собрание: членот 11 од Законот за помилување не постои

Собраниската Законодавно – правна комисија на денешната седница заклучи дека

Повеќе

Дводневен „Новогодишен базар 2019“ во Гевгелија

Од денес напладне во Гевгеија започнува традиционалната предновогодишна

Повеќе

„И ние постоиме“ - одбележан Светскиот ден на лица со посебни потреби во

Со дефиле низ улиците на Гевгелија, членовите на здруженијата на наши сограѓани

Повеќе

Од месецов минималната плата повисока за 2.000 денари

Минималната плата утврдена со закон од 1-ви декември изнесува 14.500 денари и

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.