Топ Новости

Се' уште нема новороденче во Гевгелија во 2020

Петок, 03 Јануари 2020

Изминува третиот ден од јануари, а во Општа Болница Гевгелија, одел Гинекологија се' уште нема новороденче во Новата 2020 година.
Во одделот гинекологија дежурната медицинска сестра не' извести дека освен закажаните ехо прегледи нема трудници кои очекуваат термин за подорување, или царски рез. Причина за ова е што одделението не е комплетно за изведување породилни и хирушки зафати, со само еден доктор гинеколог.
Повремено Болницата ангажираше гинеколози од други здравствени центри во државата, но знаејќи го неконтинуираниот работен престој на овие доктори во Гевгелија голем дел од родилките се одлучувале породувањето да го обават во кадровски екипирани здравствени установи во други градови од државата.
Инаку, Општа Болница Гевгелија има уште двајца специјалисти гинеколози кои во моментот користат породилно отуство. Се очекува првата докторка гинеколог да се врати на работа во текот на месец март годинава и да се комплетира тимот за породилни зафати во гевгелиската болница.

Состојбата со родилниот биланс за изминатата 2019 година е 57 новороденчиња кои дошле на свет во Гевгелиската општа болница. Од нив 26 биле женски, а 31 машки новороденчиња. Споредено со минатогодишниот биланс на новородени деца во Општината за 2018 кој изнесуваше 140 новороденчиња, тоа значи опаѓање на родилноста за 63,6 % во однос на 2018. Во 2017 година пак бројот на новороденчињата на годишно ниво изнесуваше 223 бебиња, што значи дека за две години родилноста во гевгелиската болница е опадната за 74,4 %.

Гевгелија има нови жители, но поради горе наведените причини во гинеколошкото одделение во гевгелиската болница голем процент од нив се се заведени во Матичната книга на родени во Валандово, Струмица, Велес, Скопје, Битола и други градови, онаму каде што трудниците се упатиле на стручен медицински зафат при породувањето.


Last modified on Петок, 03 Јануари 2020 - 18:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Од коронавирусот во Кина починале 56 лица, епидемијата се забрзува

Здравствените власти на Кина денеска соопштија дека кај 1975 лица е потврдена

Повеќе

Царинската управа додели Благодарници на гевгелиски фирми

По повод светскиот ден на царината, директорот на Царинската управа Ѓоко

Повеќе

Се гради нова канализациона линија во Негорци и замена на дотраените водоводни

Јавното комунално претпријатие во Гевгелија, „Комуналец“ деновиве ја превзема

Повеќе

Формирана Комисија за здравство и социјални работи при Здружението на

Гевгелиското Здружение на пензионери ќе помага на своите членови преку прграма

Повеќе

Водовод и канализација за станбените објекти на Караорман

Најновата и растечка урбана зона во Гевгелија, населбата Караорман со години е

Повеќе

Лишен од слобода 68 годишен жител на Богородица

Ова е втор случај годинава жител на Богородица да биде лишен од слобода поради

Повеќе

Шпанија со итен протокол за ратификација на членство на Македонија во НАТО

Владата на Шпанија вчера го одобри и го достави на усвојување во Паралментот

Повеќе

Прес СДСМ Гевгелија: Вложувањето во образованието е најдобрата инвестиција

Претставникот во Советот на општината од редовите на СДСМ и коалицијата, кој

Повеќе

Ново невреме во Австралија - врнежи од град, после поплавите и пожарите

Само ден по песочната бура на југоистокот од Австралија се истурил силен град

Повеќе

Чесниот крст во Гевгелија го понесе Љупчо Трајков

Љупчо Трајков (30 годишен) од Гевгелија и годинава како и лани е најсреќниот

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.