Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Првото новороденче во општа Болница Гевгелија родено 2020 е машко

Среда, 22 Јануари 2020

Вчера попладне, на 21 јануари, во 14:10 часот во одделот за гинекологија при Општа Болница Гевгелија родено е првото новороденче во 2020 година.
Новороденчето е машко, тешко 3.650 грама, долго 52 сантиметри со уредни параметри и и' донесе радост на мајката родилка Карагонов Марија (родена 1989 година) од Прдејци.

Породувањето го изведе тим од гинеколози предводен од стручњак со подолгогодишно искуство од Клинички Центар од Штип заедно со гинекологот од Општа Болница Гевгелија. Породувањето беше изведено со царски рез.
- „Овој тим ќе остане на располагање во гевгелиската општа Болница во следните две недели при што можни се изведувања на породувања и во Гевгелија“, изјави за GevgelijaNET директорот на Болницата д-р Мите Крџев.
Ова е законска условена процедура на здравствен третман на при породувањата - потребно е да има минимум двајца гинеколози, анестезиолог и асистент медицински персонал. Немањето втор гинеколог поради користење породилно отсуство на двајцата гинеколози од Општа Болница Гевгелија ја одложија породилната сезона во гинеколошкото одделение во гевгелиската Болница.
Првата среќна мајка со новороденче кое во матичната книга на родените ќе има податоци родено во Гевгелија во 2020 година е 30 годишната Марија, на која ова и е второ родено дете. Малиот 17 месечен Марко Карагонов од вчера има братче кое се вика Оливер, а среќниот татко Јаков уште еден наследник. Утринава медицинскиот персонал од гинеколошкото одделение ја направија првата посета на мајката и новороденчето и истите се чувствуваат добро.

Здравје и среќа за родилката и новиот жител на Гевгелија.


Last modified on Среда, 22 Јануари 2020 - 12:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

Се бара ревизија за изградбата на Градскиот пазар во Гевгелија

Советникот Тихомир Ручкоманов, претставник од ЛДП и коалиционен партнер на СДСМ

Повеќе

Конституиран новиот 10-ти по ред парламентарен состав на РСМ

Со 116 гласови „за“, ниту еден воздржан и ниту еден против, денеска се

Повеќе

Граничниот премин Дојран-Дојрани останува затворен уште 10 дена

Грција ги продолжува своите меѓугранични заштитни мерки од ковид-19.
Денеска,

Повеќе

Августовска разгледница од Дојран

Продолжениот празничен викенд донесе многу гости, посетители, викенд туристи и

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.