Поради вироза скратени часовите во гевгелиските училишта

Петок, 14 Февруари 2020

Часовите во четирите основни и средното општинско училиште во Гевгелија денеска се изведуваа со скратено времетраење од по 15 минути со цел да се превенираат отсуствата од настава поради вирусни болести кај учениците.
За ваквата одлука на училишните управи стои податокот дека само во текот на вчерашниот ден наставата не ја следеле 472 ученици од вкупно запишаните 2.500 ученици, што претставуваедна петина од вкупниот број на запишани ученици во Општината. Од училишните управи потврдија дека учениците отсуствувале поради висока температура, кашлање и настинка, причини за кои докторите велат дека се карактеристични за вироза.

Најголем број ученици отсуствувале во ОУ „Крсте Миирков“ од Гевгелија каде што од 753 запишани, наставата не ја следеле 196 ученици. Зголемен број отсуства бил регистриран и во останатите училишта во кои повеќе од 20 отсто од учениците поради болест не ја следеле наставата.

Со актуелната ситуација училиштата ја запознале подрачната единица на Центарот за здравје во Гевгелија од каде што велат дека се уште нема услови за прогласување епидемија и прекин на настава бидејќи се работело за вироза. Скратувањето на времетраењето на часовите важи само денеска, а во зависност од состојбата во понеделник ќе се преземаат и соодветни мерки.


Last modified on Петок, 14 Февруари 2020 - 13:19

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.