Меѓународен ден на децата болни од рак

Сабота, 15 Февруари 2020

Петнаесетти февруари е Меѓународен ден на децата болни од рак. Годинава истиот се одбележува под мотото „Без граници. Заедно. Можност. Иднина. Лекување. Сила“.

Одбележувањето на Меѓународниот ден има за цел да сврти вниманието на целокупната јавност за подобрување на третманот, негата, квалитетот на живот, како и на емоционалните и социјалните потреби на децата болени од рак, како и на нивното семејство.

Светскиот ден на децата болни од рак се одбележува од 2002 година на иницијатива на Меѓународната конференција на Здруженија на родителите заболени од рак. Оттогаш се одбележува во 88 држави.

Според Светската здравствена организација (СЗО) секоја година кај повеќе од 300.000 деца на возраст до 19 години во светот е дијагностициран рак. Околу осум од 10 заболени деца живеат во земји со ниски и средни приходи, каде стапката на преживување е околу 20 отсто.

СЗО постави цел до 2030 година да се елиминира страдањето кај децата кои се борат со рак и да се постигне најмалку 60 проценти преживување на пациентите. Тоа претставува приближно удвојување на тековната стапка на лекување и ќе спаси на еден милион деца во текот на следната деценија.

И во државата ќе биде одбележан Меѓународниот ден на децата болни од рак. Во Скопје ќе се одржи златна трка и забава во организација на НО САНО и Универзитетската клиника за детски болести. Во организација на настанот се вклучуваат и ученици од интернационалното училиште „Нова„ и гимназијата „Орце Николов“, кои и досега волонтираат и им помагаат на децата кои се лекуваат на Клиниката за детски болести.


Last modified on Сабота, 15 Февруари 2020 - 12:29

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.