Топ Новости

Нема епидемија на грип во Гевгелија

Петок, 21 Февруари 2020

Навремената имунизација на медицинскиот персонал во сверата на здравството во Гевгелија што го спроведе ЈЗУ „Центар за јавно здравје“ во Гевгелија придонесе годинава да немаме епидемија од грип. Во периодот ноември декември минатата година и дел после новогодишните празници во гевгелиското здравство беа вакцинирани 900 лица, од кои претежно медицинскиот кадар кој работи во одделот за хемодијализа, потоа пациентите и вработените во Психијатриската болница Негорци и голем број граѓани, пензионери кои побараа имунизација од грипот.

Ваквата превентивна мерка беше солидна основа за градење на колективен имунитет како најдобра мерка за справување со заразни болести. Токму поради тоа, деновиве кога изминува шестата недела од појавата на првото заболување со грип во Општината, здравствените работници констатираат дека НЕМА епидемија на грип во Гевгелија.

Во текот на 5-та недела од грипот, на територијата на општините Гевгелија, Богданци и Дојран евидентирани се нови 13 заболени пациенти од грип, или заболувања слични на грип, а во текот на 6 недела бројката премина во 47 нови заболени. Сепак, втората и третата недела од февруари бројот на заболени со симптоми на грип е околу 110, што е во рамките на сезонскиот просек. Ова го соопштија од „Центарот за јавно здравје“ - Организациона единица Гевгелија, на вчерашната седница на Советот на Општина Гевгелија, по повод состојбата со грип на подрачјето на здравствена надлежност на Општа Болница Гевгелија.
При тоа беше посочено дека вирусот на грип „Тип Б“ доминантно е присутен кај постарата популација, а „типот А“ е позастапен кај помладата генерација.
Нема прогласена епидемија на грип бидејќи грипот е сезонска епидемија сама по себе. Вирусот и понатаму е присутен, со висока активност, па во следните две недели се очекува да порасне бројот на заболени од грип и заболувања слични на грип. Поради тоа се посочуваат превентиввните мерки кон кои треба да се придржуваат граѓаните: да се избегнуваат затворени простории и присуство на повеќе лица, да се практикува хигиена со редовно миење на раце, конзумирање на витамински богата храна, топли пијалоци, чаеви, да се проветрува просторот во кој престојуваме.

Сепак Гевгелија спаѓа во општините со присутен сезонски грип, а во шест општини во државата е констатирана многу висока активност на грипот. Само во државата бројот на заболени изнесува 3.600, но и понатаму Центарот за јавно здравје не укажува на потреба од прогласување на емидемија на грип.


Last modified on Петок, 21 Февруари 2020 - 20:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

Од денеска се отвараат рестораните и кафетериите за посетителите

Од 28 мај после речиси двеиполмесечен прекин на дејноста поради корона кризата,

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.