Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Подобрена кадрова екипираност и опременост на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија

Понеделник, 24 Февруари 2020

Приемот на нови доктори, упатувањето на нови спезијализанти, оформен работен однос на нови медицински сестри и здравствен персонал, во текот на минатата година, за годинава најавува солидна стручна екипираност на ЈЗУ „Општа Болница од проширена надлежност“ во Гевгелија.

Сите специјалистички оддели имаат специјалисти доктори, некои во очекување да се пополнат со доктори специјализанти кои годинава треба да ги завршат специјалистичките студии. Така во секторот гинекологија во месец март се враќа вториот специјализант гинеколог, а во јуни 2020 и третиот, со што се создаваат законските услови за изведување на пороѓаи со хирушки зафати, кои досега ги обавуваа гинеколози од Клиничкиот центар од Штип, ангажирани за соработка со гевгелиската Болница.
Одделот за педијатрија има еден доктор специјалист и тим од медицински персонал, а во текот на годината се очекува да се врати од специјализација и вториот специјалист.

Одделението за интерни болеси има четири интернисти, а до средината на 2020 ќе биде надополнето со нови двајца специјалисти кои треба да ги завршат специјалистичките студии. Хируршкото одделение сега располага со тројца хирурзи специјалисти, а во текот на годината ќе се дополни со уште двајца специјалисти-хирурзи.
Одделението за неврологија има двајца специјалисти невролози и комплетна покриеност со среден стручен персонал.
Одделот за психијатрија и Центарот за ментално здравје со центар за превенција на зависници од опијати има двајва специјалисти и задоволителен број на стручен персонал.
Одделението за офталмологија и оториноларингологија функционира со двајца специјалисти кои ги задоволуваат потребите на населението.
Итната медицинска помош функционира во два одделни сегменти: мобилна екипа за итни интервенции и стационарна екипа како приемен центар во кругот на болницата.

Генерално во текот на 2019 и 2020 во ЈЗУ Општа Болница Гевгелија вработени се пет нови доктори по општа медицина и десет медицински сестри на неопределено време, како и медицински соработници и помошен персонал. Упатени се двајца доктори на специјализација, едниот за инфективни болести, другиот за офталмологија. Од сите наброени гранки на медицината недостасува специјалист за кожни болести кој по заминувањето во пензија на последниот специјалист од оваа област во болницата се' уште стои непополнето со соодветен струен медицински кадар.

Напоредно со кадровското екипирање и вреднивање на трудот на здравствените работници кое беше покачено од 15 до 25%, во Болницата голем дел од постоечките објекти се реновирани и соодветно доопремени со модерна апаратура.

Така, новиот дијабет центар е опремен со нов доплер апарат, Биохемиската лабораторија со комплетно нов инвентар и дополнителна апаратура за анализа, амбулантите за неврологија, за урологија и за ортопедија се обезбедени со нова опрема и нова болничка аптека со комплетен современ ентериер. Сето ова е направено со сопствени средства на болницата обезбедени преку ИПА Програмата за погранична соработка со Република Грција.

Исто така, преку оваа програма на Европската Унија, а во рамките на проектот „Унифициран информационен систем за размена на информации преку примарните здравствени единици во пограничното подрачје за итни здравствени случаи - HEALTH-INFO“ во Општата болница во Гевгелија е извршена набавка на нов дигитален ехо-апарат за потребите на кабинетот за рентген дијагностика. Преку овој проект ќе се спроведуваат и бесплатни мамографски скрининзи, информираше д-р Митко Крџев, директор на ЈЗУ „Општа Болница“ Гевгелија.
Тој нагласи дека со сопствени средства на болницата, преку ИПА програмите на ЕУ реновирани се специјалистичките амбуланти, поголемиот дел од одделот за физикална терапија, другите сегменти на болницата (неврологија и психијатрија), а пред завршница е изградбата на комплетно нова хируршка сала со целосно нива апаратура за современи хуруршки зафати.

 

Last modified on Понеделник, 24 Февруари 2020 - 18:35

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.