Топ Новости

Гевгеличанец се тестира дали е носител на корона

Понеделник, 09 Март 2020

Во текот на втората денешна прес конференција за состојбата со корона вирусот во државата Министерот за здравство Венко Филипче, покрај состојбата на четирите заболени пациенти на инфективното одделение во Клиниката во Скопје информираше и за еден случај од Гевгелија кој се тестира дали е носител на корна вирус.
Материјал за анализа земен од гевгелискиот пациент од локалниот епидемиолог при Центарот за јавно здравје во Гевгелија е испратен денеска на стручна анализа во Скопје.

Во официјалната објава на министерот се вели:

„Во овој момент се испитуваат уште 8 пациенти на Клиниката за инфективни болести, тоа е 1 пациент со симптоми што на 26ти минатиот месец престојувал во Бугарија, кој развил симптоми слични на грип, и неговата сопруга која во овој момент се тестира.
Понатаму, 1 патник од Сингапур, наш државјанин кој пред 3 дена се вратил во нашата земја, 3 лица кои биле во контакт со пациентите хоспитализирани од Дебар и 1 пациент од Гевгелија за кој е испратен материјал и во овој момент ги очекуваме епидемиолошките податоци од локалниот епидемиолог.
Веднаш штом ќе стигнат резултатите, тие ќе се пуштат во една фаза на тестирање и веднаш ќе ја информираме јавноста“, се вели во соопштението на Министерот.

Last modified on Понеделник, 09 Март 2020 - 20:15

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

Тролски фарми од Македонија и Филипините ја туркаа дезинформацијата за

Еден од најголемите издавачи на дезинформации за коронавирус на Фејсбук е

Повеќе

Ќе има ли нова вонредна состојба?

Нови 52 заболени од Ковид-19 за изминатите 24 часа, непочитување на мерките за

Повеќе

Бетонирана улицата „Деко Ковачев“ во Гевгелија

Уличниот крак од улицата „Деко Ковачев“- Гевгелија, во должина од околу 300

Повеќе

Почувствуван земјотрес во југот од Македонија

Тектонско придвижување на земјиното тло вечерва во 22:55 часот почувствуваа

Повеќе

Во чест на Спасовден - заштитникот на Гевгелија

Денеска е Св. Спас - заштитник и спасител на луѓето, заштитник на Гевгелија.

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.