Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Пикот на болеста се очекува за еден месец и околу 2.000 заболени од корона

Вторник, 17 Март 2020

Соработката со Кинеските епидемиолози и оние од Италија и споделените искуства е она што Македонија го осознава во справувањето со светската наезда на вирусот корона.
Денеска на прес конференција Министерот за здравство Венко Филипче, на прашање од новинар „кога се очекува пикот на болеста“ (највисокото ниво на раширеност), најави дека се очекува пикот на ширењето на корона вирусот во Македонија да биде за еден месец почнувајќи од денеска. При тоа се очекува бројката на заболени да достигне околу 2.000 лица, истакна министерот Филипче.

Со оглед на тоа што во Македонија на располагање во јавните здравствени установи има 120 респиратори за дишење, 80 во приватните болници, 100 се во тек на набавка, а се очекуват да пристигнат и 200 апарати за дишење од Кина, Македонија не би имала здравствени капацитети да одговори со грижа кон сите илјадници заболени доколку состојбата им се комплицира и биде потребно да се подвргнат на апарати за вештачко дишење.
Затоа и понатаму се апелира: граѓаните да се придржуваат на мерките за изволација дома, да не излегуваат непотребно, да не се собираат на јавен простор, темелно и често да мијат раце, при кашлање и кивање да користат шамивче или да го сторат тоа во свиткан лакт, да не одат на посети кај познати и роднини, да го почитуваат упатството за изолација во овој период.
Поради претстојните верски празници и закажани литургии и верски обреди, министерот најави дека ако верските објекти не се придржуваат кон забраните и мерките на Владата, можно е Кооперативниот штаб да и предложи на Владата и други построги мерки и забрани кон верските објекти.

Last modified on Вторник, 17 Март 2020 - 18:05

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.