Топ Новости
Дивеење во Гевгелија - Вторник, 24 Март 2020 09:49

Нови 12 случаи на корона и трет ден пад на бројот на дневно заболени во државата

Вторник, 24 Март 2020

Кривата на заболување од корона во државата е во благ пораст. Денеска од само 8,8% за разлика од вчера кога порастот изнесуваше 17,2%, или завчера кога имавме највисок дневен пораст на заболени од корона од 33,33%
Сите превземени мерки на Владата по укажување на Комисијата за заразни болести и Координативниот штаб за справување со короната го посакуваа ваквиот благ тренд на ширењето на короната, од која ќе треба време за да ја сузбиеме и ставиме под контрола на медицината и имунизираме населението со вакцина која светот е во подготовка да ја стави во масовна употреба после сите клинички тестирања.

Последниот извештај за изминатите 24 часа доаѓа од министерот за здравство Венко Филипче кој наведува дека: „Во изминатите 24 часа се регистрирани 12 нови случаи на коронавирус во земјата. По градови ново заболени има во Скопје (7 нови случаи) и Куманово (5 нови пациенти со корона). Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 денеска до 12:00 часот изнесува 148 лица.

Според местото на живеење, досега случаи на КОВИД-19 се регистрирани во седум градови во државата и тоа:
- Скопје (88)
- Дебар (40)
- Куманово (8)
- Штип (7)
- Кавадарци (2)
- Охрид (2)
- Гостивар (1)

Досега во Македонија има само еден комплетно излечен случај на заболен и два смртни случаи како последица на корона вирусот.
Мерките на изолација, „седи дома“, полициски час, затварање на школите, угостителите, аеродромите, граничните премини ... не дозволуват масовно ширење на вирусот и колабирање на здравствениот систем во државата. 


Last modified on Вторник, 24 Март 2020 - 13:54

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Дезинфекциони бариери на влезот од Гевгелија

Денеска на влезот од Гевгелија на раскрсницата пред надвозникот се поставуваат

Повеќе

Платите на функционерите намалени на 14.500 денари, одлучи Владата

Априлската и мајската плата на сите државни и именувани функционери ќе изнесува

Повеќе

Осум години затвор за Владимир Талески за ученичкиот превоз во Битола

Кривичниот суд денеска ја објави пресудата и за случајот „Транспортер“.

Повеќе

Засилени мерки против корона вирусот наложи ОКШ Гевгелија

Дезинфекција на јавните површини, улици, тротоари, влезови на станбените

Повеќе

Во земјава 12 пациенти излечени од Covid-19

Денешниот биланс на корона вирусот во државата е 285 заболени, 12 излечени од

Повеќе

Случајот со корона во Гевгелија ги засили дезинфекционите мерки во Општината

Ново миење на улиците во градот со дезинфекциони средства и дополнително

Повеќе

Две нови жртви од корона вирус во државата

На Клиниката за инфективни болести во Скопје синоќа починале двајца пациенти

Повеќе

Трет ден опаѓа бројот на ново заболени од корона во државата

Со 18 ново заболени од вчерашните 24, и завчерашните 29, веќе трет ден опаѓа

Повеќе

Столтенберг и' посака Добредојде на МК во НАТО

- „Добредојдовте во #NATO, #NorthMacedonia! Тоа е долг пат, но сите ваши напори

Повеќе

ДОНЕСЕНА УРЕДБА: Одлагање на кредитите и пониски каматни стапки

Одлагање на ратите за отплата кредитите, или намалување на каматната стапка се

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.