ЦЈЗ Велес: Во Гевгелија 4 излечени од Ковид-19 и „нула“ активни

Среда, 29 Април 2020

Доцна вечерва од Центарот за јавно здравје Велес, под кој припаѓа и Подрачното одделение на ЦЈЗ во Гевгелија известија за состојбата со коронавирусот во нашата општина заклучно со 28-ми април 2020 година. Во известувањето се вели:

- „Вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со Ковид-19 изнесува 4 лица од кои 4 излечени. Нема смртни случаи, нема активни случаи од Ковид-19“ стои во известувањето од ЦЈЗ Велес. Ваквата состојба со Короната во Гевгелија е важечка од 25 април.

И покрај двата последователни негативни теста на четворочленото семејство кое беше корона позитивно од 29 март годинава, на мапата на Состојбата со корона во Македонија стои евидентиран податокот од три излечени случаи во Гевгелија и еден се води за активен случај, (болест во тек). Веројатно се работи за печатна грешка во статичката оператива на Институтот, земајки го во предвид фактот дека тие оперираат со податоците од Центрите за јавно здравје во државата и дека не се работи за подоцнежна реакција на вирусот кај еден од четворицата заболени во Гевгелија.

Сепак, позитивно е тоа што расте бројката на излечени во земјава, засега се 589 случаи на излечени, што претставува стапка од 41,45%. Само пред два дена оваа стапка на излечени изнесуваше 26,2% така да речиси се дуплираше и од ден во ден се зголемува бројот на излечени случаи во државата.
Позитивно е и тоа што започна со работа и лабораторијата на МАНУ за изведување тестови за корона. Така во државата досега се направени вкупно 15.771 тестирања на ковид -19. Само во текот на 24 часа направените 362 теста и тоа преку: ИЈЗ –203 теста, Ветеринарен факултет -8 , „Авицена“ –11, „Биотек“ –45, „Филип Втори“ (Жан Митрев) –48, „Систина“ со PCR метода -25 и „МАНУ“ -22.

Најновите податоци од Институтот за јавно здравје на РСМ упатуваат на нови 22 случаи на заболени од корона вирусот во земјата, со вкупна бројка од почетокот на епидемијата до сега од 1.421 заразени од корона.

Во однос на дистрибуцијата по пол, поподложни на заболувањето од корона се женските лица, барем како што покажува статистиката на заболени: Регистрирани се 671 машки и 750 женски лица. Специфичниот морбидитет кај машките е 64,7/100.000, додека кај женските 72,6/100.000.
Во однос на симптомите кои се пријавени кај заболените лица, најчесто се регистрирани температура (65,0%), кашлица (53,2%), малаксаност (34,8%), треска (19,0%), главоболка (16,5%), болка во грло (15,8%) и отежнато дишење (15,0%).
Кај 490 или 34,5% од дијагностицираните лица не се регистрирани симптоми на заболувањето. Од нив, 348 или 71,0% имале контакт со веќе потврден случај во државата.

Од хоспитализираните случаи, кај 165 (50,6%) се присутни коморбидитети, (веќе присутни заболувања кај пациентот).

Од ковид-19 не се имуни ниту здравствените работници. Како први на удар во контакт со заболените се токму тие, па до сега во државата се регистрирани 229 (16,1%) случаи на заболување меѓу здравствени работници.
Досега се регистрирани 71 смртен случај од Ковид-19, што претставува стапка од 4,9%.

Проценката на СЗО на глобално ниво и на ниво на Европски Регион за понатамошно ширење на COVID-19 кажува дека ризикот е многу висок. Според категоризацијата на ризикот од СЗО, се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на COVID-19 во Република Северна Македонија е многу висок. На територијата на цела држава е прогласена вонредна состојба.

Во прилог известувањето од ЦЈЗ Велес и Галерија ТАБЕЛИ за бројот на излечени во државата и во Гевгелија, бројот на активни случаи и статистичките податоци од ИЈЗ Скопје.

Last modified on Среда, 29 Април 2020 - 02:43

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.