Филипче: Мерките за заштита од корона остануваат на сила

Петок, 08 Мај 2020

Министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција посочи дека само што завршила сесијата разговори на ниво на СЗО со земјите од Европа, вкупно 53 на број и донесени се истите заклучоци што сега ги применува Македонија:
- придржување до мерките за заштита и спречување на ширењето на вирусот корона;
- дополнителен скрининг тестови за утврдување прикриени случаи на ковид без симптоматија;
- има утврдени различни антитела и специфичен имунитет кај некои лица заради што не може да се потврди трајноста на имунитетот;
- мерките продолжуваат да важат и ќе продолжиме да ги следиме состојбите со Ковид-19.

Од изнесеното министерот Филипче дополни дека во Македонија на сила се сите донесени мерки за заштита од Ковид-19, дури и мерката забрана за групирање на лица повеќе од 2-ца коментирајќи дека вчерашниот настан во Струга е спротивно на мерките за заштита од корона.
- „ Ова е чин на непочитување на здравствените работници и на сите оние кои што дваипол месеци работат за што побрзо да излеземе од оваа криза. Ова е непочитување и кон граѓаните кои се придржуваат на мерките од првиот ден. Повикуваме на граѓанска солидарност за заштита на индивидуалното и колективното здравје. Најостро ги осудувам сите кои што не ги почитуваат мерките и очекувам темелна истрага за собирот на граѓаните вчера во Струга. Институциите мора да ги санкционираат прекршителите за да се спречат други такви случувања. Сите досегашни мерки дадоа резултат - се стабилизираше епидемијата“, потенцираше Министерот на денешниот прес.

Утрово министерот разговарал со поглаварите на МПЦ и ИВЗ и апелирал да ги спречат верските масовни собирања. По објавата на информацијата од Исламската верска заедница дека на 12 ќе ги отвори џамиите за верниците Министерот Филипче нагласи: „Се ' уште е на сила забраната за групирање повеќе од две лица“.

На прашања од новинарите дали се создаваат услови за одржување на избори во Македонија министерот за здравство Венко Филипче одговори дека Комисијата за заразни болести ја одложи за денес закажаната седница на која требаше да се разгледа можноста за олабавување на мерките за забрана на движење т.н. „полициски час“ и истата е презакажана за утре, заради вчерашниот скок на бројот на заболени кој изнесуваше 33 новозаболени со коронавирус.

Денешната состојба со корона во Македонија е 20 оздравени, еден починат и 14 нови евидентирани случаи на корона. Вкупната состојба во државата е 1.586 заразени од почетокот на епидемијата, од кои 1.099 оздравеле што претставува 69,3% излечени, испишани од болница или се со два негативни теста по домашно лекување. Смртен исход со короната имале 90 пациенти, а 397 лица се водат за активни случаи на корона. Според исходот од заболувањето значи 25.0% се водат како активни случаи.
Од 15 февруари до 5 мај, тестирани се вкупно 17.863 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање за присуство на SARS-CoV-2.


Last modified on Петок, 08 Мај 2020 - 17:34

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.