Д-р Антоније: Шетајте на сонце, само сонцето го создава витаминот Д во нашето тело

Сабота, 09 Мај 2020

Овој важен витамин за нашето тело го нема во храната која ја конззумираме, туку се создава само преку изложеност на сонцето преку нашата кожа.
Олабавувањеето на забраната за движење за време на корона пандемијата дава можност за прошетки надвор од домот. Колку престојот на сонце е важен за нашиот организам одговара д-р Антоније Хаџи Антоновски, специјалист ортопед.

- „Голем дел од популацијата е дефицитарна на Д-витаминот поради современиот начин на живот, работата во канцеларија, а сега со пандемијата и седењето дома заради изолација. Прошетките надвор можат да направат Д-витамин потребен на телото, ама прашање е во кој период од денот и прашање е колкав дел од нашата кожа ќе биде изложена на сонце за да тоа направи Д-витамин. Зошто, ако излеземе по долги ракави икапче на глава тешко дека ќе направиме Д-витамин“, вели д-р Хаџи Антоновски.

Седењето на тераса рано наутро, или приквечер кога УВ зраците се слаби нема да придонесат организмот да синтетизира Д-витамин. За да го произведе нашата кожа Д витаминот потребно е закосеноста на аголот со кој сонцето паѓа над почвата да биде над 50 степени. И тоа само УВБ спектарот од сонцето создава Д-витамин во кожата на луѓето. Тој не може да помине низ стакло, па седењето на сонце зад застаклена сончева просторија нема да биде корисна за создавање на Д-витаминот.

Во текот на годината сонцето може да создава Д-витамин почнувајќи од 1 април, кога временскиот период е многу краток, од 11, до 12 па максимум до 13 часот при крај од април. Потоа, во мај периодот се зголемува од 10 до 15 часот попладне. Тој распон трае до месец јули. Во август се намалува од 11 до 14 часот, а во септември само на пладне. (Прилог - Графикони).

Сонцето создава Д-витамин кога сенката е помала од Вас. На плажа кога има јако сонце изложеноста на телото кога сме по купаќи од само половина час создава 10.000 интернационални единици на Д-витамин. Тоа е одлична концентрација за дневните потреби на телото.

- „Во актуелниот период на пандемија докторот предлага кратки прошетки за граѓаните, и не само тоа, додека се дома нека отворат прозор, нека излезат на тераса, значи подобро е да имат краткотрајни изложувања кога сонцето создава Д-витамин наместо да направат штета на кожата (изгореници). Дерматолозите ќе предложат заштитен фактор да ставиме на кожата, но верувајте, ако ставиме заштитен фактор сонцето нема да создаде Д-витамин во нашата кожа, а тој е многу битен за функционирање на нашиот имунолошки систем“, вели д-р Антоније.

Животот дома во изолација ги троши резервите на Д-витамин содржани во телото за само два дена. Затоа многу е битно константно да се зема Д-витамин, а не еднаш неделно, или еднаш месечно.
Во храната се содржи Д2 витаминот, но тој не е корисен за нашето тело. Она што ни е потребно е Д3 витаминот за кој нема подобар извор од сончевите зраци. Д3 витаминот е единствен кој го нема во храната. Тој е хормон кој што се создал под дејство на сончевите зраци и е еден од најбитните регулатори на нашето тело, порано се мислеше дека е важен само за регулација на калциумот во телото, но верувајте тој е важен за преку 4.000 клеточни процеси кои што се многу битни за правилно функционирање на телото, истакнува д-р Хаџи Антоновски.

Докторот препорачува прошетки на сонце, не подолги од половина час, да не се земаат сумплементи на своја рака од витаминот Д без лекарска препорака зошто кај луѓе дефицитарни со овој витамин може да настане хиперкалцемија на телото, односно зголемено количество на калциум, да ги оптерети бубрезите и да направи многу штета. Затоа дозирањето на Д-витамин треба да биде од стручен лекар кој што знае тоа да го направи.

Значи, нема подобар лек од изложеноста на сонцето, зошто природно телото не може да направи токсификација со Д-витаминот. После создавањето на 25.000 интернационални единици на Д-витамин, телото се исклучува и не произведува повеќе од витаминот колку и да сте изложени на сонцето.

“Значи, додека траат корона мерките, сè додека го одржувате пропишаното растојание на отворено, дозволено е движење. Исто така, треба да се избегнува запирање и разговор со сите соседи. Ако има многу луѓе таму, прошетајте и излезете подоцна“ порачуваат епидемиолозите за прошетките во време на пандемијата.


Last modified on Сабота, 09 Мај 2020 - 12:49

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Во Дојран посетителите добија бесплатни заштитни маски!

Викенд посетеноста во Дојран достигна размери блиски на летната туристичка

Повеќе

Инфраструктурно улично подобрување во Прдејци

По дводневна акција денеска заврши бетонирањето на уличен крак во населеното

Повеќе

Дезинфекција на јавните површини во Гевгелија

По налог на Општинскиот штаб за заштита и спасување денеска започна да се

Повеќе

Донација од 40.000 евра од Групацијата „Новоматик“ за Општа Болница Гевгелија

Еден месец по официјалната најава на својата одлука да донираат 200.000 евра

Повеќе

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.