Филипче најави постепено олабавување на мерките и враќање во нормала

Вторник, 12 Мај 2020

Веќе неделава ќе почне олабавување на мерките за одредени дејности, од следната ќе проработат и угостителските објекти, а за две недели се планира отворање и на хотелите. Во следните два месеци се очекува стабилизација.

„Животот во РСМ полека ќе се враќа во нормала“, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Најавувајќи ги чекорите по кои ќе се одвива нормализацијата, тој оцени дека во наредните месеци се очекува стабилизација на ширењето на коронавирусот.

„Согласно сегашната состојба, во следните два месеци очекуваме значајно намалување на ширење на вирусот“, рече Филипче.

„Индикациите се следните: најсилно изразени посткарантински ефекти, затворените граници и неможноста да имаме импортирани случаи. Вакви епидемии траат меѓу 8 и 12 недели, а ние сме во 11 недела. Очекуваме и високите температури да помогнат за ослабнување на вирусот и намалување на преносот“, рече министерот објаснувајќи дека ваквите проценки се темелат врз анализи на експертите во земјата, но и во светот.

Бројот на тестови е намален поради намалениот број на пациенти со симптоми. Министерот за здравство Филипче изјави на денешниот прес дека досега се оздравени 72% од сите дијагностицирани случаи на коронавирус, а остануваат 377 активни случаи.

Предлогот на Комисијата за заразни болести за олабавување на рестриктивните мерки кој денеска и е доставен на владата предвидува веќе оваа недела да се отворат центри за едукација, обука и семинари, автошколите и испитните центри, да се дозволат индивидуални спортски тренинзи на отворено, а ќе бидат отворени и затворените трговски центри (молови) без угостителска дејност.

Министерот од утре најави масовен скрининг (корона-тестови) на вработените во детските градинки, во домовите за стари лица, во болничките установи и неколку десетици дејности со цел утврдување здравствената погодност на вработените со цел да ги отворат своите установи за потребите на корисниците на нивните услуги.


Last modified on Вторник, 12 Мај 2020 - 15:53

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.