Харвард студија: корона вирусот летото ќе ослабне

Недела, 17 Мај 2020

Со температури над 25 степени целзиусови се намалува репродуктивната моќ за ширење на корона вирусот, а со тоа и моќта на заразување, тврдат стручњаци од Харвард Универзитетот, со добиени податоци од испитувања извршени на 3.793 локации ширум светот.
Највлијателниот Хрватски научник, но и најекспонираниот, Гордан Лауц ја сподели на Фејсбук веста за студијата на американскиот универзитет Харвард, која потврди дека коронавирусот може да биде сезонски.

"Анализата на ширењето на вирусот на 3.739 локации низ целиот свет ја потврди претпоставката за значителна сезоналност на вирусот САРС-КоВ-2. Времето секако не е единствениот фактор и не треба во потполност да се опуштиме и да се вратиме на старо, но веста што буди надеж за релаксирање на мерките кои сега се случуваат, нема да доведе до нов бран пандемии. Ова веројатно значи дека треба да ги отвориме училиштата што е можно поскоро и да им овозможиме на децата да имаат нормален крај на учебната година“, вели Лауц.

Проучувале 3.739 локации ширум светот и заклучиле дека просечните температури над 25 Целзиусови степени значително го намалуваат ризикот од инфекција. Секое дополнително покачување на температурата од 0,6 степени над тоа ниво е поврзано со 3,1 процентно намалување на репродуктивниот број на вирусот, наречен R0. Ова е просечен број на нови инфекции генерирани од секое заразено лице. Кога R0 падне под 1, епидемијата почнува да исчезнува.

Но, како што забележуваат научниците, како и секое досега слично истражување, ова потврди дека летото нема целосно да ја запре пандемијата. Научниците забележуваат дека коронавирусот веројатно ќе се однесува како САРС и МЕРС, односно дека ќе ослабне за време на потоплите временски услови, но дека тоа значи и дека по летото бројот на инфекции ќе се зголеми во есен.

Дејвид Хејман, професор на лондонската школа за хигиена и тропска медицина, предупредува дека ваквите студии треба да се преземат со голема претпазливост.

„Овие се лабораториски тестови, а не реални ситуации. Од ден на ден сме сведоци на пренесување на вирусот КОВИД-19 во повеќето делови на светот, дури и во тропските предели“, рече Хеман.

Во врска со истражувањето за влијанието на влажноста врз ширењето на вирусот, студиите покажаа дека вирусите како што се коронавирус и вируси на грип се шират побрзо на сув воздух, додека поголема влажност предизвикува капките на вируси да паѓаат на земја побрзо и да останат во воздухот пократко.

Шефот на Хрватскиот Завод за јавно здравје, Крунослав Чапак, вели дека вториот бран на епидемијата е сигурен.

„Постојат само две сценарија ако вирусот не исчезне или се промени - или колективен имунитет или вакцинација. Вакцината не е веројатна во рок од една година.

Ќе има пауза во текот на летото. Ако вирусот е сезонски, како грипот, голема е веројатноста овој втор бран да се врати во есен. Ако продолжиме со оваа динамика, тогаш ќе останат доволно чувствителни луѓе за повторно да се придвижи болеста “, рече Чапак во неодамнешното интервју за „AlJazeera“.

Last modified on Недела, 17 Мај 2020 - 19:26

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Јавното обвинителство отвори предмет против митрополитот Агатангел

Основното јавно обвинителство Велес отвори предмет по допрен глас по објавите

Повеќе

Трета акција за уништување на комарците во Гевгелија и ЈИ регион

По извршени две последователни лаврицидни прскања против комарци на места

Повеќе

Започна ревитализацијата на патот Богородица-Стојаково

Градежната оператива на „ЖИКОЛ“ ДООЕЛ Струмица од денеска е на терен со

Повеќе

Владата донесе забрана за одење на гробишта викендов на цела територија

Во петок е задушница, а во недела Духов ден. Во пресрет на овие народни

Повеќе

МВР против МВР на „Боемска“ – СВР и ЕБР ги чекаат снимките од камерите

Пазарната полиција не можеше да влезе во угостителскиот објект на улица

Повеќе

Во изолација 60 полицајци на служба во Гевгелија

Околу шеесетина полицајци кои ја чуваат јужната граница на Македонија поради

Повеќе

Шести ден протести во САД кои зафатија 25 држави

Смртта на George Floyd од рацете на полицијата во Минеаполис предизвика широки

Повеќе

Лишени од слобода седум гевгеличани и еден валандовчанец

МВР известува дека денеска се поднесени кривични пријави за седуммина

Повеќе

Пендаровски одлучи – Нова вонредна состојба до 14 јуни

Претседателот Пендаровски по денешниот состанок на Советот за безбедност во

Повеќе

Приведен 22 годишен богданчанец за кријумчарење мигранти

Превезувал нелегално 13 мигранти од Бангладеш со комби, но поради неприлагодена

Повеќе

 
 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.