Денес е Светски ден на матичните лекари

Вторник, 19 Мај 2020

Под мотото „Семејните – општи лекари на првата линија во справување со Ковид 19″, лекарите од цела држава и денеска работно го одбележуваат 19 мај – Светскиот ден на семејните, општи и матични лекари.

Во време на пандемијата на Ковид 19, матичните лекари беа и се уште се на првата линија во справување со овој вирус. Следејќи ги насоките на Министерството за здравство и ФЗОМ, ги спроведоа принципите на семејната медицина, дадоа сеопфатна, специфична и континуирана здравствена заштита за сите пациенти.

Со нивната ангажираност и посветеност, го амортизираа притисокот врз секундарно и терциерно ниво и допринесоа за успешно справување со пандемијата, намалување на кривата на новозаболени и неоптоварување на болничкиот сектор.

Пандемијата, сите здравствени работници, особено матичните лекари активно ги вклучи во едукација, скрининг, тријажа, дијагноза и третман во домашни услови на пациенти со Ковид 19.

Иако на браникот на јавното здравје во услови на пандемија, тие не секогаш беа третирани со важност. Ги паметиме примерите на физичко насилство врз здравтвените работници, кампањи за нивно одбивање, смена, божем за правата на пациентите, а всушност посегнуваа по професионалниот дигнитет на докторите.

Денеска во Општина Гевгелија и регионот функционираат 20-на матични лекари кои работат во договор со Фондот за здравство како Јавни здравствени установи. Минатата година по 10 месечни залагања, преговори, три протести, гевгелиските матични лекари може да кажат дека за својата фела се изборијаа за дел од нивните барања пред надлежните - Фондот за задравсто и Министерството за здравство. Владата, Премиерот, министерот за здравство и директорот на ФЗОМ на 29.10.2019 ја објавија мерката за зголемување на капитациониот бод за примарното здравство, тоа се матичните лекари, гинеколози и стоматолози.

Покачувањето на капитацијата изнесува 8,- денари по пациент кој се води кај матичниот лекар, гинеколог, или стоматолог. Зголемувањето изнесува 15% за лекарите, 20% за стоматолозите.

Нека Ви е честит 19 мај - Светскиот ден на матичните лекари.

 

Last modified on Вторник, 19 Мај 2020 - 17:33

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Минусна ноќ во Гевгелија и југот

Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран

Повеќе

За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички

Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата

Повеќе

Кривична пријава за фалсификаторка на пари

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе

Повеќе

Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани

Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по

Повеќе

Нема сурварски огнови

Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките

Повеќе

Запрен шверц на лекови на ГП Богородица

Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.

Повеќе

За 10 дена санционирани 6.489 возачи

Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава

Повеќе

Најмногу дожд наврна во Гевгелија

Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар

Повеќе

Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец

Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина

Повеќе

Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија

Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.