Првата трансплантација на срце што беше изведена ноќеска на Клиниката за државна кардиохирургија е успешна, објави на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.
– Трансплатацијата успешна! Ова е огромен успех на македонското здравство. Честитки до сите колеги, напиша Филипче.
Доцна во ноќта додека државата спиеше, во 02:43 часот зачука срце.....Во Република Македонија, на Универзитетската Клиника за Државна Кардиохирургија се направи ПРВА ТРАНСПЛАНТАЦИЈА на СРЦЕ !! Вредните раце и паметните глави на нашите врвни стручњаци на чело со Проф. Др. Сашко Јовев, во оваа вонредна состојба направија чудо....испишаа историја !! Во услови на пандемија, во услови на страв, во услови на безнадежност ... победи хуманоста и љубовта. Победи цената за сите оние непреспиени ноќи над книга, победи секоја солза и тага за загубен живот, победи вистинска посветеност, да се биде !
Хируршкиот тим со извонредна професионалност, прецизност и внимание го изведе ова ремек дело, a кога би ги претвориле сите оние милиметарски потези во ноти, во операционата сала број 2, оваа ноќ свиреше симфонијата "Живот" ! - напиша Бундовски.
Честитки Господа !!!
Тимот од кардиохирурзи под водство на Сашко Јовев (Државна Кардиохирургија), беше составен од д-р Жан Митрев (Клиника Жан Митрев), д-р Александар Николиќ (Клиника Систина) и Маја Мојсова анестезиолог (КАРИЛ) (ото од подготовка за трансплантација). Експлантацијата е во тек. Им држиме среќа на сите. ❤️ - напиша доцна синоќа министерот аздравство Венко Филипче.
Во операција учествувале со своја стручна помош и Наташа Гошевска, Слаџана Добревска, Стефанија Хаџиевска, Елена Арсовска, Мирослава Павлова-Аневска, Светлана Милевска, Верче Стојкоска и Стефанија Оклевска, известија од ЈЗУ „Универзитетска Клиника Државна Кардиохирургија“.
Срцето е трансплантирано од почината пациентка чие семејство се согласило да го донира срцето на пациент кој подолго време чекал донор.
Денес министерот Филипче го посети пациентот со новото срсе и повторно преку социјалните мрежи ја извести јавноста:
- „Трансплатацијата успешна! ❤️ Ова е огромен успех на македонското здравство. Оваа процедура е изведена за првпат во нашата земја. Честитки и благодарност до целиот тим! Честитки до сите колеги.
Галерија
.
.
ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:
Минусна ноќ во Гевгелија и југот
Вечерва настапуваат првите минусни температури годинава - поларниот студен бран
За 50% поевтинува регистрацијата на возила со странски таблички
Легална регистрација во Македонија со 50 од сто намалени трошоци е новата
Кривична пријава за фалсификаторка на пари
Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје поднесе
Видео: Стопирани Василичарите во Вевчани
Василичарскиот кaрневал во Вевчани кој поради короната претставува закана по
Нема сурварски огнови
Вака одлучи Општинскиот кризен штаб.
По оптимистичките информации дека мерките
Запрен шверц на лекови на ГП Богородица
Меѓународниот промет на стоки и во време на светска корона пандемија не запре.
За 10 дена санционирани 6.489 возачи
Засилените акциски контроли на сообраќајната полиција низ патиштата во земјава
Најмногу дожд наврна во Гевгелија
Изминатото деноноќие во Гевгелија наврнаа 45 литри воден талог на еден метар
Почина академик Георги Старделов, (1930-2021) роден гевгеличанец
Роден гевгеличанец и поранешен претседател на МАНУ д-р Георги Старделов почина
Министерот Спасовски во посета на ПС Гевгелија
Пo двоиполмесечен тек на градежните работи на објектот на Полициска станица