Топ Новости

Сезонски грип & Корона вирус - споредбени податоци во РСМ

Понеделник, 25 Мај 2020

Во сезоната 2019/2020, вкупниот број на заболени од грип/ заболувања слични на грип, во државата изнесува 33.171 лица, јавува Институтот за јавно здравје на Македонија.

Во споредба со истиот период од минатата сезона (n=21.531), постои зголемување на вкупниот број на пријавени случаи за 54,1%, а во однос на моделот за последните 9 сезони (n=25.595) се регистрира намалување од 29,6%.

Кумулативно оваа сезона, пријавени се заболени лица од сите извештајни единици (31).
Најголем број на заболени лица се регистрирани во ЦЈЗ Скопје ( вкупно 6.084; или 18,3%), ЦЈЗ Струмица (3.210; или 9,7%), ЦЈЗ Велес (2.822; 8,5%), ПЕ Кавадарци (2.720; 8,2%), ЦЈЗ Куманово (2.550; 7,7%), ЦЈЗ Битола (2.432; 7,3%) и ЦЈЗ Тетово (2.298; 5,7%).

Во однос на инциденцата на 100.000 жители, сезоната на грип била најинтензивна на територијата на ПЕ Кавадарци, а со нешто помал интензитет и во неколку ЦЈЗ/ПЕ од источниот дел на државата (ЦЈЗ Струмица, ПЕ Кратово и ПЕ Св. Николе) и ПЕ Дебар во западниот дел на Македонија.
Според возрасната дистрибуција, најголем број на заболени се пријавени во возрасната група од 15-64 години – 17.060 случаи (51,4%), а највисока кумулативна инциденца од 4.327,5 на 100.000 жители се регистрира кај децата на возраст од 5-14 години, каде што кумулативно се регистрирани 10.016 случаи.

Влезот во сезоната на грип, согласно МЕМ моделот, е регистриран во 3-та недела од 2019 година, а од 12-та недела повторно се регистрира вонсезонско ниво на активност на вирусот на грип. Инциденцата на регистрираните случаи на грип/заболувања слични на грип, го достигна пикот во 7-ма и 8-ма недела од 2020, неколку недели подоцна од очекуваното. Анализата на бројот на заболени од сезонски грип по месеци, укажува на постепен пораст на заболените во јануари и достигнување врв во месец февруари.

Од вкупниот број на заболени лица, во текот на 2019 година се регистрирани 828 лица или 2,5%. Останатите 97,5% или 32.343 лица се регистрирани во 2020 година.

Во текот на сезоната 2019/20, регистрирани се вкупно 3 смртни случаи асоцирани со грип.
Се работи за лица на различна возраст – од 14-85 години од Скопје, Кочани и Пробиштип кои биле хоспитализирани на различни клиники во УКЦ „Мајка Тереза“ во Скопје. Кај сите починати лица утврдено е присуство на коморбидитети и ниту еден од нив не бил вакциниран со вакцина против сезонски грип. Кај трите лица, лабораториски е потврдена Influenza A/H1pdm.

Со 33.171 заболени од грип во сезоната 2019/2020 и регистрирани три смртни случаи, грипот покажува стапка на смртност од 0,009%.

Состојбата со корона вирусот, за кои некои велат дека е обичен грип и се лечи со чај од кромид, лук и лимон, бројките во Македонија од почетокот на епидемијата заклучно до 25 мај се следни: Вкупно заболени 1.999 лица, излечени се 1.439, а 113 завршиле со смртен исход.Стапката на смртност спрема бројот на заболени изнесува 5,6%.

Состојбата во светот е уште позастрашувачка: Бројот на заболените со ковид вирус достигна 5.206.614 лица, од кои 337.736 се починати, јавува СЗО. Бројот на заболени со Ковид-19 само во Европа достигна 2.006.984 лица. Просечната стапка на смртност во светот изнесува 6,5%.

Грип - корона. Фактите се неспоредливи. Во земјата грипот го прележале 33.168 лица, за 20 недели. Короната уште не го достигнала најавениот пик, а денеска го живееме 90 ден откако е евидентиран првиот заразен со коронавирус во Македонија, што е 13 недела од почетокот на корона во државата, а успеа да однесе 113 животи.
Нема споредба. Нема шега.
Короната бара уште претпазливост, следење на препораките за хигиена, миење раце, дистанца од 2 метри, носење заштитни маски, проветрување на домот и просториите каде престојуваме.


Last modified on Понеделник, 25 Мај 2020 - 13:56

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

Првенците на генерацијата 2019/20 наградени од Општина Гевгелија

Шесмина првенци на генерациите 2019/2020 од Општинските основни училишта,

Повеќе

Царината за две недели успеа да спречи 7 нелегални трансфери - заплени девизи,

Во текот на минатите две недели, царинските службеници открија три обиди за

Повеќе

Заев до ДПМНЕ: Ако се договорат кој е лидер во партијата ќе прифатам ТВ дуел

На граѓанската трибина одржана синиќа во Гевгелија, лидерот на СДСМ, предводник

Повеќе

Заев од Гевгелија: Ова не е гола борба за власт туку носење храбри одлуки за

СДСМ и коалицијата „Можеме“ вечерва одржаа отворена трибина со граѓаните на

Повеќе

Марија Костадинова од СДСМ: Не за рудници во нашата земја

Марија Костадинова кандидат за пратеник на СДСМ во ИЕ4 денеска со експресен

Повеќе

Марија Костадинова - капитални проекти за инфраструктурно поврзани граѓани

Кандидатот за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“ од општина Гевгелија за

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.