Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Два месеца 20% повисока плата за здравствените работници

Вторник, 26 Мај 2020

Корона пандемијата загрози повеќе сектори од економијата, а особено на удар во извршувањето на својата професионална задача беа задрвствените институции и сите работници од здравствената дејност.

Токму затоа денеска од СДСМ најавија повисоки плати од 20% за два месеца, кои ќе бидат исплатени на работниците од здравствениот сектор:

- „Оваа глобална криза покажа уште појасно дека здравството е еден од основните општествени столбови. Затоа, продолжуваме да вложуваме во одржлив здравствен систем. Денес, сите ние сме благодарни за сиот труд и пожртвуваност што нашите здравствени работници го вложија изминатиов период и од тие причини вработените во здравството кои се во првите борбени редови во битката со Ковид-19 ќе добијат награда од 20% од основната плата за 2 месеци.
Наградени ќе бидат сите здравствени и нездравствени работници вклучени во работата со пациентите заболени од коронавирусот - доктори, медицински сестри, но и болничари, транспортери, возачите во службата за итна медицинска помош во сите Јавно здравствени институции, болниците, институтите каде се правеа испитувањата“ изјавија денеска од СДСМ, нивниот член Ненад Коциќ.


Тој на денешниот прес се осврна и на усмереноста на СДСМ да вложува во човечки капитал кој ќе биде остручен и мотивиран за извршување на својата професионална задача, мислејќи пред се' на лекарите од здравството:

„Преку одговорни и стратешки политики ги зајакнавме професионалните капацитети на здравствените работници и создадовме услови здравствените работници својата иднина и кариера да ја гледаат во нашето јавно здравство.
Владата предводена од СДСМ сериозно вложи во човечкиот капитал во здравството во изминатите две и пол години. Влогот во здравствените работници е влог во нашето јавно здравје.
За период од две години дадени се повеќе од 5.000 согласности за вработувања во јавно-здравствените установи, ги зголеми платите на здравствените работници, даде повеќе од 1.000 согласности за специјализации и супспецијализации.

Во периодот од септември 2018 до февруари 2020, 4 пати е зголемена платата во здравството, основната плата на лекарот специјалист е зголемена за 40%, на медицинските сестри до 23%, на општите лекари за 25%, а на останатите здравствени соработници за 15%.

Ги зголемивме коефициентите за исплата на дежурства на здравствените работници. Некои типови на дежурства се зголемени за два до три пати за викенд.
За 15% го зголемивме капитациониот бод на матичните лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.

И за првпат, оваа Влада ги плати приватните специјализанти за својот труд во висина од просечна плата на општ лекар.

Денес, тоа придонесе да имаме силно мотивирани здравствени работници кои беспоштедно се борат со коронавирусот.

Како одговорна партија посветена на заштита на здравјето на граѓаните, продолжуваме со мерки и политики што обезбедуваат ефикасен здравствен систем, вреднуван персонал и задоволни пациенти, истакна Коциќ.


Last modified on Вторник, 26 Мај 2020 - 18:31

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.