Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Д-р Караџоски: СЗО ни оддаде признание за справување со корона состојбата

Вторник, 26 Мај 2020

Докторот епидемиолог и член на Комисијата за заразни болести Жарко Караџоски, денеска на прес конференцијата заедно со Владата на РСМ, Министерството за здравство и КЗБ ги образложи факторите кои придонесоа за денеска донесените Одлуки за олеснување на мерките против корона, т.е укинувањето на полицискиот час и почетокот на работа на рестораните и кафиќите.

Д-р Караџоски истакна дека овие мерки ги предложиле како резултат на анализа за Ковид состојбата во изминатите 14 дена. Инциденцата изнесувала 6,8 на 100.000 жители а смртноста падна на 1,1 на дневно ниво во овој 14 дневен период од анализата. Еден од факторите е токму опаѓањето на смртноста, иако за целиот 90 дневен период од присуството на короната во државата евидентирани се 113 смртни случаи. За жал 15 случаи на пациенти, веројатно поради страв од вирусот, дошле во на клиниката во терминална фаза, кога е предоцна за било каква интервенција и смртниот исход бил неизбежна последица од корона вирусот. Но, уште на почетокот најавивме, рече Караџоски (тоа го има и во стенограмите од овие прес конференции) дека ќе се соочиме со 2.000 заболени со корона и околу 150 мртви. Денешната состојба е 1.999 заболени од корона и за жал податокот за смртните случаи, кои сепак се под прогнозите.

Втор фактор за олабаување на мерките за забрана се и постигнатите барања на СЗО да се контролираат 60-80% од кластерите. Во изминатите 14 дена имавме покриеност на кластерите. Ги знаевме сите кои се носители и кои се контактите. Имаме 1.439 лица излекувани, во 7 градови има 1 до 3 пациенти кои ги знаеме и следиме, во 5 градови имаме активн случаи кои се под надзор со познати 20 кластери и секојдневно ги следиме. Тоа се Скопје, Велес, Штип, до скоро Струга и Тетово, (што го сметаме за Полошки регион - пошироко со селата).
Извршивме скрининг на вработените во градинките, а ќе продолжиме со скрининг на такси превозниците, членовите и вработените во АРМ, во Полицијата, најави д-р Караџоски.

Како држава обезбедивме државен карантин за 5.000 наши граѓани повратници од странство со обезбедени три оброка дневно, а во моментот имаме 400 лица под карантин. Со тоа покажавме дека сме хумана држава.
Во овој период со корона епидемијата државата се надмина себе си и во стручноста, професионалноста, здравствената едуцираност, епидемиолошка, морална смисла, за што ни' оддаде признание и Светската здравствена организација.

Членот на комисијата за заразни болести посочи дека за овој корона период во државата беа зголемени капацитетите за прием на заболени лица, како и капацитетите за тестирање на корона со оспособување на лабораторијата во МАНУ и Судска медицина, заедно со постојните во Институтот за јавно здравје, во „Систина“, Клиника „Жан Митрев“, а беа отворени и пунктови за земање брис во Подрачните единици на Центрите за јавно здравје во државата.

- „Нашата битка со короната не е завршена. Пример е новото жариште Бразил, кое се наоѓа во Јужна Америка, што е близу екваторот, а дневно брои по илијадници мртви и е втора замја во светот по број на заболени од корона. Тоа е доказ дека топлото и суво време не ја уништува короната.
Затоа е важно да се почитуваат и понатаму мерки за заштита: физичката (не социјалната) дистанца од 2 метри, носењето заштитна маска и честото миење на рацете и дезинфекција.
Не може да се надеваме дека вирусот ќе не заобиколи, бидејќи сите сме потенцијални жртви“, истакна на крајот професорот епидемиолог Жарко Караџоски.

Last modified on Среда, 27 Мај 2020 - 00:40

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.