Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Јунски пик на коронавирусот - нови 89 заболени

Понеделник, 01 Јуни 2020

Во последните 24 часа се направени 727 тестирања, а регистрирани се 89 нови случаи на ковид-19, распоредени во девет општини низ државата и тоа:
Скопје 35, Куманово 12, Штип 27, Прилеп 1, Тетово 7, Гостивар 1, Струмица 1, Кочани 4 и Свети Николе 1.

Порталот „Фокус, наместо еден заболен во Гостивар напиша Гевгелија, со што предизвика допонителна екстензија на напнатост кај гевгеличани.

Билансот на починатите од последици на Ковид -19 е 6 лица, а ИЈЗ бележи и 17 оздравени во истиот период од 24 часа.

Министерот за здравство Венко Филипче одржа прес конференција на која изјави дека ова е бран на новозаболени не поради олабавувањето на мерките туку поради односот на сите нас. И покрај ваква високата бројка на новозаболени тој објасни дека препораките за заштита од ширењето на коронавирусот остануваат, остануваат во сила и мерките за заштита од корона, носењето заштитни маски, 2 метри физичка дистанца и честото миење на рацете.

Инаку Овие податоци следуваат седмиот ден после Бајрамските празнувања и се резултат на семејните средби, оценија стручњаците за што е доказ и вчера утврдениот позитивен наод на Корона на поранешен пратеник од редовите на СДСМ и потпретседател на партијата, М. Зекири (кој е од муслиманска вероисповед). Ова не со намера верски да ги жигосуваме заразените (корона-позитивни), туку да го лоцираме времето на можна зараза.
Вирулозите како д-р Н. Пановски оценуваат дека заразеното лице од корона веднаш не ги манифестира знаците на корона заболувањето, бидејќи потребни се најмалку 5-7 денови на инкубација. Е, токму тие контакти со асимптоматски лица, во рамки на семејството или изминатите верски празнувања го предизвикаа јунскиот пик во државата, со дневна бројка на најмногу заболени, да ја крене линијата на корона епидемијата на „активен раст“.

Досега во земјата се направени вкупно 30.302 тестирања на ковид -19. Од вкупниот број направени тестови во изминатото деноноќие 312 теста се во рамките на скринингот во градинки и геронтолошки установи. Тестирањата се направени преку Центрите за јавно здравје Прилеп и Скопје, а регистрирани се 3 позитивни случаи во геронтолошка установа во Скопје.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 2.315, бројката на оздравени пациенти е 1.569, на починати е 140, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 606.

Last modified on Понеделник, 01 Јуни 2020 - 17:47

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Марија Костадинова: Градиме инфраструктура - Патиштата ќе не' направат поблиски

Кандидатката за член на Собранието на РСМ, која е на изборната листа на СДСМ и

Повеќе

Почина 54 годишен маж во сообраќајна несреќа кај Богородица

Вечерва после полноќ, во 01:30 часот (ден четврток 09.07.2020 год.) било

Повеќе

Среда, 15 јули - неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека 15 јули, среда, е

Повеќе

Демонстранти упаднаа во Собранието во Србија – интервенира полицијата

Неколку стотици граѓани се собраа пред српскиот парламент во знак на протест

Повеќе

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.