Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Двајца ново оздравени од ковид-19 во Гевгелија

Четврток, 25 Јуни 2020

Во Гевгелија од 6 активни корона позитивни пациенти, во вториот јунски бран на епидемијата, кој започна од 5.06. па до 23.06. кога беше дијагностициран и последниот случај, денеска од Министерството за здравство јавуваат дека двајца се веќе излекувани. Ваквата состојба е утврдена според протоколот, после два последователни негативни теста на корона на порано позитивните лица, се прогласуваат за излечени, оздравени.

Со тоа Гевгелија на картата на излекувани лица од корона во Македонија бележи 6 лица, а остануваат 4-ца активни пациенти.
Сите тие се на домашен третман. Не побарале болничка интервенција, освен секојдневни консултации со матичниот доктор кој ја следи болеста и им дава здравствени инструкции.

Инаку, денеска Институтот за јавно здравје регистрира 75 оздравени пациенти.

Инаку, во последните 24 часа на ниво на држава се регистрирани 153 нови случаи на ковид-19 од направени 1.279 тестирања. Најголемиот број од новозаболените е повторно во Скопје со 66 случаи, Тетово 20, Куманово и Штип по 13, Ресен 12, Струга и Охрид по 7 случаи, Кичево 6, Свети Николе 3, Прилеп 2, а по еден регистриран корона позитивен имаат Битола, Крива Паланка, Кочани и Пробиштип.

Во текот на изминатото денонокие починати се 6 лица, еден пациент од Скопје, двајца од Штип, еден од Тетово, еден пациент од Охрид и еден од Ресен.

Досега во земјата се направени вкупно 55.735 тестирања на ковид -19.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5.595, бројката на оздравени пациенти е 2.166, на починати е 265, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.164.


Last modified on Четврток, 25 Јуни 2020 - 16:32

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.