Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

Министерот Филипче во посета на Општа Болница Гевгелија

Сабота, 27 Јуни 2020

Организацијата, екипираноста, опременоста и соработката со јавните здравствени институции на сите нивоа во справувањето со корона предизвикот беше денешниот повод за посета на Министерот за здравство Венко Филипче на Општа Болница Гевгелија.

Следејќи го протоколот за заштита од корона, состанокот со здравствените работници од оваа Болница Министерот заедно со директорот на болницата Митко Крџев, го одржаа на отворен простор, во болничкиот парк.

- „Долга ќе биде борбата со корона вирусот, дури и после доаѓањето на вакцината. Најважно е во овој подолг период да го одржуваме функционално здравството, како за прием на болни со симптоми, така и за болните од други специјалистички потреби. Стануваме свесни дека најголемиот дел од притисокот со короната е врз здравствените работници, дури и кога имаме доволно функционално опремени капацитети, обезбедено доволно број респиратори, над три милиони патчиња заштитна опрема со скафандери, ракавици, заштитни маски. Вирусот и есента нема да исчезне. Затоа е апсолутно потребно секоја Јавна здравствена установа да направи внатрешна организација за прием на пациенти, мора сите да имаат пристап како да се сомнителни, да се има определен простор за тријажа. Никогаш досега болниците и Центрите за јавно здравје немале потреба од толку да соработуваат како што е сега со корона состојбата“, истакна пред здравствените работници од Општа Болница Гевгелија министерот Венко Филипче.

По состанокот тој ги посети најпрво новоотворениот Центар за земање брис за корона тест, реновираните одделенија, лаборатории, амбуланти, болничката аптека, дијабет центарот, објектот каде се гради новата современа хирушка сала.

По средбата и увидот на болничките објекти, оременост, услови, екипираност и сораборка со ЦЈЗ Гевгелија министерот Филипче изрази задоволство од подготвеноста на Општа Болница Гевгелија, досегашното справување со корона епидемијата, дека кај никој од здравствените работници после скринингот нема констатирано заразеност од корона.
Филипче ги пофали и протоколите кои ги доставија до МЗ и Комисијата за заразни болести казината и објектите за забава, и истите се одобрени. Од вчера во државата почнаа со работа казината, а исто и неколкуте кои ги има на подрачјето на општина Гевгелија.

Министерот на средбата со здравствените работници имаше и прашања од матичните лекари - како да ја продолжат терапијата на хроничните болни без упатување на специјалист, за да се избегне контактот со пациентот. Од негова страна беше пофалена соработката и улогата на матичните лекари кои се во првата ударна линија во контакт со пациентите, па и заболените од корона, кои ја следат нивната состојба. Од матичните лекари министерот доби пофални зборови за функционалноста на системот „електронски рецепт“ како новина која сосема ја олеснува работата на матичните лекари, и во време, и не трошење на хартија. А министерот ја оцени оваа новина во здравството како уште една функционална алатка после укинувањето на квотите за лековите и евиденцијата и правилната распределба на лекови во аптеки според региони согласно здравствените потреби на граѓаните-пациенти.

Министерот замина од Гевгелија со позитивна слика за организираноста, екипираноста и ефикасната здравствена заштита што ја нуди Општа Болница Гевгелија, досегашното справување со корна епидемијата во подрачјето на својата здравствена надлежност, како и воопшто важноста што другите работи и надлежност на болницата непречено функционираат. Доказ за тоа е што додека траеше посетата на министерот во болницата влегуваше возилото на Брзата помош, а други пациенти излегуваа по укажаната здравствена помош. Здравството во ОБ Гевгелија е спремно и функционално за потребите на своите граѓани.

Last modified on Сабота, 27 Јуни 2020 - 17:20

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.