Топ Новости
Билборд кампања - Понеделник, 06 Јули 2020 15:42

ИЈЗ регистрира 80 оздравени, еден е од Гевгелија

Недела, 28 Јуни 2020

Од Институтот за јавно здравје известуваат дека во изминатите 24 часа регистрирани се 80 оздравени во државата од кои еден оздравен случај од ковид-19 и во Гевгелија.
Ова е седмиот оздравен од досега регистрираните 10 случаи на корона позитивни во Гевгелија од почетокот на епидемијата во нашата земја.
Двајца пациенти очекуваат тестирање и со два последователни негативни теста ќе треба да се впишат во листата на оздравени.
Засега остануваат да се водат три активни корона случаи на подрачјето на здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.

Овие резултати вчера му ги потврдија од ЦЈЗ ПЕ Гевгелија на министерот за здравство Венко Филипче при посетата на Општа Болница Гевгелија, и податокот дека после скринингот на вработените во јавното здравство во ОБ Гевгелија нема ниту еден заразен од корона, стигна оценката од министерот дека Гевгелиската болница е пример за успешно справување со корона предизвикот.

На листата на оздравените се и двајца пациенти од Валандово, еден од Струмица. Во прилог листата на општини каде се регистрирани оздравени од ковид-19 за изминатото деноноќие:
-Скопје 5
-Куманово 1
-Штип 18
-Тетово 30
-Битола 2
-Гостивар 8
-Гевгелија 1
-Струмица 1
-Кочани 8
-Берово 1
-Валандово 2
-Кичево 1
-Ресен 2

Инаку, во државата, корона билансот во изминатото денонокие донесе 176 нови случаи на направени 870 тестирања. Најголемиот број од регистрираните нови случаи на ковид-19 се во: Скопје 61, Тетово 22, Струга 19, Охрид и Штип по 14 случаи, Куманово 8, Гостивар 7, Кичево 6, Битола 3, Прилеп, Велес и Ресен по 5 случаи, Битола 3, Кочани 2, Дебар, Струмица, Пробиштип, Демир Хисар и Пехчево по еден нов случај на заболени од корона.

Починати се девет лица, седум пациенти од Скопје, еден од Тетово и еден пациент од Струга.

Досега во земјата се направени вкупно 58.765 тестирања на ковид -19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 6.080, бројката на оздравени пациенти е 2.315, на починати е 286, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.479.
Во светот бројката на ковид заболени надмина над 10 милиони луѓе.


Last modified on Недела, 28 Јуни 2020 - 19:50

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ципрас: Прогресивното поглавје може да продолжи само со Заев, лидер кој гледа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, чиј потпис стои на Преспанскиот

Повеќе

Откриени 211 мигранти кај Гевгелија, приведен возачот

Од МВР денеска јавуваат за уште еден обид за нелегален превоз на мигранти низ

Повеќе

Билборд кампања

Предвремените парламетарни избори во услови на корона епидемија наложија

Повеќе

Костадинова: СДСМ и „Можеме“ со конкретни мерки за поддршка на младите

Кандидатката за пратеник на СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова, со

Повеќе

Грција нема да ги прима српските туристи

Грција од утре наутро (06.07.2020 понеделник) во 6 часот ги затвора границите

Повеќе

Анкета на НДИ: Заев со речиси двојна предност пред Мицкоски

Коалицијата „Можеме“ која ја предводи СДСМ е во предност пред коалицијата на

Повеќе

Уапсена гевгеличанката Накова - позитивна на Ковид-19

Вчера попладне е уапсена Александра Накова Гајдаџиев од страна на припадници на

Повеќе

Благодарница од Владата на семејсвото Диневи - првиот донор на срце

Денеска во Владата доделени се благодарници за историскиот подвиг на сите оние

Повеќе

Заев: Македонскиот јазик станува дел од големото европско семејство

- „Македонскиот јазик е наведен како јазик на кој треба да се преведе

Повеќе

Марија Костадинова: Чест ми е да бидам кандидат за пратеник од победничката

Кандидатката за пратеник од СДСМ и коалицијата „Можеме“, Марија Костадинова од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.