Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелија денеска со 6 новозаболени од корона вирус

Сабота, 18 Јули 2020

Најновиот извештај на Институтот за јавно здравје што го проследи до Министерството за здравство и до јавноста вели дека во последните 24 часа на направени 1.700 тестирања, регистрирани се 241 нови случаи на ковид-19.

Денес Гевгелија го живее 145 ден од почетокот на корона кризата во земјата и ГевгелијаНет како портал кој ги следи спстојбите во општина Гевгелија и регионот известуваме дека во извештајот се регистрирани и шест нови случаи на корона позитивни на подрачјето на општина Гевгелија. Досега на подрачјето на општината се регистрирани вкупно 16 заболени од почетокот на епидемијата, 9 оздравени и се водеше еден активен, кој со притвор заврши во државен карантин надвор од Гевгелија.
ИЈЗ не известува дали сите 6 лица се со место на живеење од Гевгелија, или се од други општини и населенни места под чија здравствена надлежност припаѓа Центарот за јавно здравје Гевгелија, а ги опслужува и општините Богданци, Дојран и Валандово.

Инаку, најголемиот дел од новозаболените се повторно во Скопје 73, во Штип 60, во Тетово 31, Гостивар 14, Куманово 10, КОчани 8, Гевгелија повторуваме 6 нови случаи на корона заболени, Прилеп и Свети Николе по 5 нови корона случаи, Струмица 4; Битола, Крива Паланка, Струга и Радовиш имаат по 3 новозаболени; Охрид, Демир Хисар и Кичево по 2 нови случаи, и уште шест општини: Дебар , Велес, Крушево, Пробиштип, Виница и Кратово по 1
новорегистриран случај на корона заболени, односно ковид-19.

ИЈЗ известува дека во ова денонокие починати се 8 лица, по двајца пациенти од Скопје, Тетово и Струга, еден пациент од Гостивар и еден од Струмица.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 51 оздравени лица и тоа во општините: Скопје 40, во Ресен 7 и по еден оздравен во општините Битола, Пробиштип, Демир Хисар и Кичево.

Досега во земјата се направени вкупно 84.916 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 9.026, бројката на оздравени пациенти е 4.727, на починати е 414, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3.885 лица.

 

Last modified on Сабота, 18 Јули 2020 - 19:55

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.