Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Паркингот на Општа болница Гевгелија ќе се претвори во Регионален ковид центар

Четврток, 23 Јули 2020


Согласно одлуката на Министерството за здравство за отварање и опремување на 16 Регионални ковид центри во државата, кои ќе го следат и превенираат новоочекуваниот есенски бран од корона вирусот, денеска Општинскиот кризен штаб во Гевгелија донесе потврдна одлука Гевгелија да стане еден од Регионалните ковид Центри во државата.

На денешната седница на Општинскиот штаб за безбедност и заштита во кој партиципираат претставници од повеќе јавни институции во Општината беше поддржана иницијативата за поставување монтажна модуларна болница во Гевгелија, во рамките на Регионалните Ковид-центри во земјата.

Како најповолна локација за таквота тријажна монтажна болница (каде ќе се процесираат ковид болни на понатамошен третман) е посочен сегашниот паркинг простор на северниот дел од зградата на Општа Болница Гевгелија, каде се наоѓа влезот на одделот за Брза помош.
Оваа одлука уследи по веќе одржаните состаноци на градоначалниците и директорите на општите болници на 16-те општини посочени од Министерството за здравство, каде што ќе бидат поставени овие модуларни монтажни болници, во присуство со претставниците на Министерството за здравство.

Во Гевгелија се планира да биде поставен тријажен центар со стационар, по можност во близина на Општата болница и со близок пристап до потребната инфраструктура.

Министерот за здравство Венко Филипче, при посетата на Општа Болница Гевгелија минатиот месец, се увери во професионалната работа на оваа јавна здравствена институција, одговорната работа на матичните лекари со ковид заболените досега и ангажираноста на Центарот за јавно здравје - ПЕ Гевгелија. При тоа изнесе оценки дека Гевгелиската Болница може да биде пример за успешно справување со ковид вирусот.

Овие искуства, екипираност и одговорност на здравствената фела од Болницата, ЦЈЗ и матичната лекарска екипа ја смести Гевгелија во мапата на Регионални ковид центри во државата, кои треба да бидат готови до септември годинава.

Инаку на денешната седница на ОКШ членовите на ова тело беа запознаени со сегашната и досегашната ковид состојба во Општината и соседните општини, под чија надлежност е здравствено надлежен Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија. Така, денешната актуелна слика е 7 ковид заболени од кои 1 во Гевгелија и 6 позитивни на корона на територијата на општина Дојран. Само еден од заболените во Дојран е на лекарски третман во Општа Болница Струмица.
Досегашниот корна извештај за овие три општини Гевгелија, Богданци и Дојран, за кои е надлежен ЦЈЗ Гевгелија е: вкупно регистрирани 19 случаи позитивни на Корона вирусот, од кои 12 се веќе оздравени (10 во Гевгелија, 2 во оптина Богданци, и остануваат 7-те активни случаи).


Last modified on Четврток, 23 Јули 2020 - 16:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.