Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

Нови тројца корона позитивни во Гевгелија - денешен извештај на ИЈЗ

Недела, 26 Јули 2020

Тројца новодијагностицирани со корона вирус во Гевгелија се дел од денешниот извештај на Институтот за јавно здравје во кое се вели дека во последните 24 часа се направени 1.077 тестирања, а регистрирани се 152 нови случаи на ковид-19. Една четвртина од заболените се во Скопје 39. Во Куманови има 20 нови случаи, во Гостивар 15, Штип 14, Сруга 13, Тетово 9, Дебар 8, Кавадарци 5, Струмица 4, Гевгелија и Делчево по 3 нови случаи со корона, Мак. Брод, Кичево, Демир Хисар со по 2-ца новозаболени, и по еден случај имаат општините Прилеп, Радовиш, Кочани, Кратово и Свети Николе.

Денеска се навршуваат пет месеци од почетокот на корона епидемијата во земјата и Гевгелија го одбележува со 14-от дијагностициран ковид -19 случај на подрачјето на својата општина и здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.
Последниот позитивен случај беше регистриран на 18 јули од кога Гевгелија се води со еден активен корона позитивен. Еве, за осум дена се појавија тројца новодијагностицирани. Досега има 10 оздравени. Еден активен случај се води во сеседната општина Богданци и шестмина во Дојран, а се под здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија.
Во денешниот извештај на ИЈЗ не се наведува дали тројцата новодијагностицирни позитивни се од кластерот во Гегелија, или Дојран. Според епидемиолошката слика тоа треба да го знаат од ЦЈЗ-ПЕ Гевгелија, но тие денеска не се огласија на оваа нова здравствена корона ситуација од гевгелиско.

Во денешниот корона билтен на ИЈЗ се вели дека петтиот месец од корона наездата во државата има вкупно досега заболени 10.086 лицa, од кои 5.427 се излекувани. За жал 460 пациенти имале трагичен (смртен) исход од корона последиците. Се' уште се водат како активни 4.199 случаи позитивни на корона.

Гевгелија се подготвува за очекуваниот есенски корона бран со изградба на монтажна мобилна тријажа со стационар на паркиралиштето од градската Општа Болница која ќе функционира како Регионален ковид центар при Општа Болница Гевгелија.


 

Last modified on Недела, 26 Јули 2020 - 16:48

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.