Топ Новости
Августовска разгледница од Дојран - Понеделник, 03 Август 2020 14:35
Воз удрил во автомобил кај с.Давидово - Понеделник, 27 Јули 2020 17:55

УХМР со предупредување за „жолта температурна фаза“, а МЗ со мерки за заштита на здравјето

Четврток, 30 Јули 2020

УХМР пред два дена најави, а и денеска потсетува со „Актуелно предупредување“ дека „Под влијание на многу топла воздушна маса до петок времето ќе биде сончево и многу топло. Максималните температути насекаде ќе бидат над 30 степени, а во југоисточните делови од земјава ќе достигнат и до 40 степени. Во Гевгелија Google го најави и 41 степен за најужниот град во државата. Според тоа земјава е зафатена со температури од жолта (алертна) фаза.

Поради ваквите најави се огласи и Министерството за здравство и конкретно министерот Венко Филипче со препорака до граѓаните да ги почитуваат општите мерки за заштита на своето здравје и на членовите од семејството.

➡️ Во текот на екстремно топли денови да се остане повеќе во затворени простории (пред се климатизирани), а при неопходен престој на отворен простор во овој период, да се најде можност за почести одмори под сенка;

➡️ Да се носи светла и лесна облека, а при директна изложеност на сонце да се носат заштитни очила и капа и да се користи крема со висок заштитен фактор;

➡️ Да се внесува помало количество храна, претежно овошје и зеленчук, а помалку масна храна;

➡️ Да се внесуваат големи количества течности, најдобро обична вода за пиење, а да се избегнуваат алкохолните пијалаци;

➡️ При влегување во возило, потребно е тоа одреден период да се проветри;

➡️ На хронично болните лица се препорачува редовно да ја земаат препишаната терапија, во консултација со матичните лекари.

Поради високите температури и зголемената можност за појава на труења со храна и цревни заразни заболувања, се препорачува задолжително миење на земјоделско-градинарски производи (свеж зеленчук и овошје) пред нивна употреба, термичка подготовка на храната и нејзино консумирање веднаш по подготовката.

Комисијата за следење на ефектите од високите температури при Министерството за здравство во континуитет ја следи состојбата и по потреба ќе предлага мерки и активности за минимизирање на евентуални штетни ефекти од високите температури.


Last modified on Четврток, 30 Јули 2020 - 17:14

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

КЗБ: Од прво до трето одделение во училишните клупи, другите пред компјутер дома

На две недели пред почетокот на учебната година, Комисијата за заразни болести

Повеќе

Заев го доби мандатот за состав на Влада од претседателот Пендаровски

Денеска напладне со свечена церемонија во вилата Водно каде е резиденцијата на

Повеќе

Заев обезбедил мнозинство, Пендаровски утре му го доделува мандатот

Шефот на државата Стево Пендаровски утре (четврток 13 август) мандатот за

Повеќе

Првачињата на училиште, останатите он лајн настава од дома

Учениците од септември веројатно ќе останат дома, ова го најави министерот за

Повеќе

Маж од Миравци при рибарење се удавил во Вардар

Од полицискиот дневен билтен на МВР се известува дека вчера во водите на Вардар

Повеќе

Граничен премин „Евзони“ кај ГП „Богородица“ вечерва се затвара во 22 часот

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека до граничната

Повеќе

ООУ „Владо Кантарџиев“- Гевгелија со инвестиција за уредување на дворниот

Министерството за здравство за следната недела ги најавува протоколите за

Повеќе

Прогласена кризна состојба на јужната и северната граница на РСМ

Владата на Република Северна Македонија на одржаната редовна 79-та седница,

Повеќе

Османи: Започнаа преговори Заев-Ахмети за заедничка коалиција

Портпаролот на Демократската унија за интеграција Бујар Османи во интервју за

Повеќе

ГП „Евзони“ од утре целосно се затвара од 23 до 07 часот наутро

Портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас, денеска на брифинг со новинарите

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.