Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Нов случај на корона позитивен во Гевгелија - 13ти до сега

Недела, 02 Август 2020

Нов позитивен наод од корона тест доби лице од Гевгелија, според последниот извештај што го објави Институтот за јавно здравје за корона состојбата во државата за изминатите 24 часа. Така, од 166 новозаболени во земјава од ковид-19 Гевгелија го испишува 13-тиот заболен со ковид 19 заедно со уште 18 општини од државата:

Скопје 47, Штип 23, Куманово 17, Гостивар 15, Тетово и Кичево по 12 случаи, Македонски Брод 10; Кавадарци 9; Струга 7, Охрид 3; Виница, Свети Николе и Неготино имаат регистрирано по 2 новозаболени, и Дебар, Битола, Гевгелија, Струмица, Демир Хисар по еден новорегистриран случај на корона.,

Од почетокот на корона епидемијата до сега, ова е 23 случај на корона позитивен во јужниот регион каде е здравствено надлежен ЦЈЗ- ПЕ Гевгелија, (општините Гевгелија, Богданци и Дојран), а 13-ти случај на корона случај за подрачјето на општина Гевгелија (10 се веќе излекувани).

- „Досега, со новиот евидентиран случај во општина Гевгелија има вкупно 3 активни случаи на заболени од Корона вирус. Заболениот е близок роднина на позитивниот случај кој беше евидентиран минатата недела, на 26 јули“, истакна раководителот на Центарот за јавно здравје- ПЕ Гевгелија, епидемиологот Олумчев.

Моментаната слика на активно заболени во државата е 3.675 лица, од вкупно регистрираните заболени за изминатите пет месеци со корона состојбата од 11.054, од нив 6.882 се излекувани во системот на јавното здравство, а 497 завршиле со смртен исход како последица на компликации од корона.

Општина Гевгелија во текот на неделата спроведе дезинфекција на улиците и јавните површини во општината и градот, по налог на Општинскиот Крзен штаб кој донесе одлука да се продолжи со дезинфекцијата на јавните простори на секои две недели.

Познато е дека сите досега активни случаи во Гевгелија и регионот имале лесна симптоматска слика и вирусот го пребродиле во домашни услови со следење на болеста преку инструкции од матичен лекар. Им посакуваме лесна слика и на сега активните тројца заболени со ковид 19 во Гевгелија, и на сите кои станале „мета“ на зараза на овој непредвидлив вирус.

Во светски рамки досега има регистрирано вкупно 18.134.406 заболени од корона вирус, од кои 690.787 лица имале смртен исход, што претставува стапка од 6% смртност и тоа е корекција на првичните бројки на смртност кои ги пренесуваше Кина од епицентарот на вирусот, местото Вухан. Од досега заболените во светски рамки 11.406.170 лица се водат како излекувани случаи на заболени од ковид-19, а то е 94% од заболените. Се' уште активни случаи во светот се водат над 6 милиони заболени од корона вирус. Само 1% од активните во светот се наоѓаат во сериозна клиничка состојба, а тоа не е малку според стапката на смртност, можни се повеќе десетици илјади смртни случачаи во светот.


Last modified on Недела, 02 Август 2020 - 19:23

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

Владата донесе одлуки за субвенционирање на лозарите и винариите извозници

Владата на Република Северна Македонија, на вчерашната седница донесе одлука со

Повеќе

Лишена од слобода гевгеличанка во Скопје

Полициски службеници на СВР Скопје, вчера (вторник 22 септември) ја лишиле од

Повеќе

Гевгеличанец лишен од слобода на ГП Табановце

Министерството за внатрешни работи известува дека во средата на 7 минути пред

Повеќе

Врховeн Суд одлучи: Јанкулоска ќе оди во затвор

Жалбите за предметот „Тенк“ на Груевски и Јанулоска паднаа пред Врховен.

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија

Утрово, околу 7 часот и 30 минути, на излезот од Гевгелија се случи тешка

Повеќе

Приведен дилер на дрога од Миравци, гевгелиско

Секторот за внатрешни работи Струмица - Одделение за внатрешни работи

Повеќе

Наставата со физичко присуство и комбиниран модел бараат гевгелиските училишта

Одлагањето на наставата за учебната 2020/21 поради корона пандемијата ги

Повеќе

Заев: Слободни и отворени кон светот! Ја славиме независноста!

Премиерот Заев на прославата по повод Денот на независноста на Македонија - 8ми

Повеќе

Тешко повреден возач на мопед од Гевгелија

Тешки клинички повреди на 78 годишен жител од Гевгелија е епилогот од

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.