Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Гевгелија и корона - 3ца нови позитивни, еден оздравен

Среда, 09 Септември 2020

Коронавирусот и денеска ја означи Гевгелија во извештајот на Институтот за јавно здравје-Скопје со нови 3ца детектирани случаи на позитивни лица, но и еден оздравен пациент на ковид-19, со што трендот на короната во Гевгелија ја развива епидемилошката карта во општината со вкупно 77 заразени случаи до сега.

Двете седмици се бројка на детектирани случаи кои се тестирале преку Центарот за јавно здравје во Гевгелија кое работи под надлежност на ЦЈЗ Велес и ИЈЗ Скопје, но работниот опсег му се покрај населениото во општина Гевгелија и граѓаните на општините Богданци и Дојран. Поради тоа, ИЈЗ додава дека од вкупната бројка на досега заразени со кронавирус во подрачјето на надлежност на ЦЈЗ Гевгелија 7 случаи припаѓаат на општина Дојран, 11 случаи на општина Богданци и 12 позитивни на корона се странски државјани на работа и престој во Гевгелија (полициски сили за спречување на влез на мигранти на македонско-грчката граница од Република Чешка).

Бројката на активни случаи во Гевгелија од вчерашните 30 се покачи на 33, но со едниот оздравен, како активни остануват да се водат 32 пациенти од општината. Во групата на активни се и 2ца од општина Богданци.

Бројката на оздравени се покачи за еден, од вчерашните 28, на 29 со денешниот извештај на ИЈЗ за Гевгелија.

На ниво на држава од 793 направени тестирања утврдени се во изминатите 24 часа 72 новозаразени од корона и 54 оздравени пациенти на ковид-19.

Гевгелија вчера ја посети министерот за здравство Венко Филипче и најави опремување на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија со брзи тестови за детектирање на присуство на коронавирус во телото за само 40 минути. Така нема да се чекаат 2-3 дена резултати од лабораториите кои ги ангажира МЗ и ИЈЗ во време на корона епидемијата. До октомври треба да биде опремен и ковид центарот на северниот паркинг простор во склоп на Општа Болница Гевгелија.

Денешниот извештај за корона случаи во Гевгелија е 19-ти по ред од вториот летен корона бран во Гевгелија.

 

Last modified on Среда, 09 Септември 2020 - 16:16

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.