Топ Новости
Тешка сообраќајна несреќа во Гевгелија - Вторник, 15 Септември 2020 14:44

Расте бројот на оздравени од корона во Гевгелија и југот на МК

Петок, 11 Септември 2020

Денешниот дневен извештај за короната во Гевгелија (за 11.09.2020) изгледа вака:
- Еден оздравен пациент на ковид-19;
- Вкупно 31 оздравени досега;
- Активни остануваат 28 (двајца од вчера новодијагностицираните позитивни на корона, на брис земен во ЦЈЗ ПЕ Гевгелија, припаѓаат на општина Богданци и се вкупно 4 позитивни во таа општина во моментот);
- Вкупниот број на заразени во Гевгелија е 62 од почетокот на епидемијата кај нас.

Тоа значи дека вкупно 50% од заразените лица во општина Гевгелија до сега се оздравени. Ова е 21 извештај за короната за Гевгелија во текот на летото.

За регионот на здравствена надлежност на Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија, општините Гевгелија, Богданци и Дојран заедно, кој брои 80 заразени до сега денешниот оздравен пациент од Гевгелија е 41 по ред (31 во Гевгелија, 3 во Богданци, 7 во Дојран) и го крена регионалниот процент на оздравени на 51,25%.

На ниво на држава денеска ИЈЗ извести за 142 новодетектирани корона позитивни, 98 оздравени на направени 1.542 тестирања. Битката со короната денеска ја изгубиле 5 пациенти од Гостивар (69г), од Прилеп (84г), од Охрид (84г), од Македонски Брод (46г) и пациент од Штип (58г). Активни случаи во државата има уште 1.919 лица.

Вкупниот број на оздравени/излечени во државата е 12.994 од вкупно 15.555 заразени од корона од почетокот на емидемијата во нашата земја со што процентот на оздравување е 83,54%. Евидентирани се вкупно 642 смртни случаи, или стапка на морбидитет од 4,1%.


Last modified on Петок, 11 Септември 2020 - 19:13

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Родителите од Миравци бараат настава со физичко присуство за учениците од VI до

Советот на родители при Општинското основно училиште „Климент Охридски“ од

Повеќе

Прием на првачињата во училиштата во Гевгелија

Централните општински училишта „Крсте Мисирков“ и Владо Кантарџиев“ од

Повеќе

„Викенд без ДДВ“ за корисниците на апликацијата „Мој ДДВ“

Новата мерка „Викенд без ДДВ“ од Четвртиот пакет на економски мерки на Владата

Повеќе

Пресуда: 1,5 години затвор за Груевски, условна за Јанакиевски

Денеска судот изрече пресуда за предметот „Насилство во општина Центар“. На екс

Повеќе

Гордана Јанкулоска спроведена во затворот Идризово

Екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска попладнево е

Повеќе

Заев: 470 милиони евра тежок Четвртиот пакет економски мерки наменет за

- „Парите на граѓаните се за граѓаните. Со четвртиот пакет економски мерки,

Повеќе

Филипче: Отварање на границите без ПЦР тестови - се разговара со земјите од

Министерот за здравство Венко Филипче денеска изјави дека сите земји во

Повеќе

Корона кризата ја зголеми невработеноста во Гевгелија

Новата здравствена пандемија која го зафати светот се одрази на светската

Повеќе

Септемвриски снег во Босна и Херцеговина

Четвртиот ден од есента забелеа снежните покривки на планината Бјелашница и на

Повеќе

Ковид настава во Гевгелија - претежно он лајн, основците од I до III на училиште

Барањето на општинските основни и средното училиште од Гевгелија за одржување

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.