Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Д-р Бони Стеваноски: Пандемијата драстично ја измени сликата на менталното здравје

Сабота, 10 Октомври 2020

Денеска се одбележува Светскиот ден на грижа за ментално здравје, 10 октомври. Гевгелија како општина во која постои еден од трите психијатриски болници во земјава има своја значајна улога во неговото одржување, како на целокупната популација која овде бара здравствена грижа, така и за состојбата со менталното здравје во регионот.

Во услови на Ковид-19 важно е да се обрне внимание на влијанието на кризата врз менталното здравје на групите под ризик, како што се повозрасни лица, децата и адолесцентите, различни групи со зголемен ризик за насилство, лицата кои веќе се лекуваат од ментални растројства, како и на здравствените работници, кои несебично ги вложуваат сите свои човечки потенцијали за справување со пандемијата и за зачувување и подобрување на здравствениот статус на населението.

Доктор Боне Стеваноски е специјалист психијатар и директор на Психијатриската Болница „Негорци“ во Гевгелија која моментално болнички има згрижено околу 220 пациенти кои ги опслужува стручен медицински и болнички персонал од 100-на вработени. Просекот на здравствена грижа е на завидно ниво, па не' интересира каква е состојбата со менталното здравје на пациентите во услови на пандемија.

- „Со оглед на настанатата ситуација сликата на менталното здравје кај популацијата драстично се менува. Ние како доктори психијатри сме свесни за овој предизвик и со максимални заложби од областа на нашата професионалност се трудиме да одговориме соодветно на предизвикот за да ја ублажиме состојбата. Како лекарски тим во ПБ „Негорци“ сме секојдневно задолжени за достапност на лицата на кои им е потребна нашата помош, приемчивост со лицата кои бараат стручна лекарска помош, трудејќи се максимално да ја ублажиме психичката напнатост кај целото население“ - вели д-р Бони Стеваноски.

И покрај пандемијата приемот на болни продолжи во нормален тек со работа, со примена на ковид протоколите за работа и прием на пациенти, што подразбира бесконтактно мерење на температура, заштитна маска, преглед и упатување на болниот на хоспитализација. Продолжи и системот „Мој термин“ и дневниот пристап до оваа услуга ја остваруваат 15 до 20 пациенти кои бараат стручна медицинска помош во оваа установа.

Д-р Бони Стеваноски акцентираше дека во однос на актуелната состојба со пандемијата присутни се нови индикации за амбулантски прегледи, пред се' стравот на луѓето да не бидат заразени од корона, потоа панични реакции, депресивни растројства. За потребите на болните, или членови на семејства кои сакаат да им укажат помош на домашните во такви состојби на ВЕБ страницата на Болницата достапни се телефонските контакти со сите доктори психијатри, како и телефоните за секое од одделенијата во болницата. На овој начин брзата реакција за потребната соодветна грижа и терапија е достапна со еден повик на телефон.

Работната оптеретеност е секојдневна, зошто оваа специјалистичка деност ја обавуваат само пет доктори специјалисти психијатри во болницата.

- „Секојдневно сме во контакт со Министерството за здравство кој се грижи за кадровата екипираност на болницата и опслужувањето на дејноста, за бројот на ангажирани специјалисти психијатри, за одобрувањето на доктори на специјалистички студии за потребите на болницата. Министерството за здравство искажа слух за одобрување прием на работа на нови доктори, упатување на специјализација и во моментот имаме двајца доктори на специјализација по психијатрија на клиниката во Скопје“ - ни' изјави директорот Стеваноски.

ПБ „Негорци“ Гевгелија е установа која функционира од 1972 година и во неа се вложиле доста специјалисти познати психијатри од нашата општина.

Деновиве значително се унапредении условите за работа и престој во Психијатриската болница-Негорци во Гевгелија со отварањето на ново одделение за акутни состојби во психијатријата. Новото одделение е изградено од темел, на место на постојното одделение, и е од цврста градба, со површина од 560 m2. Градбата е направена по стандарди за енергетска ефикасност со термоизолациска фасада, квалитетна столарија, соларен систем и панелен кров со највисок изолациски коефициент. Исто така, во изминатиот период е извршена уште една комплетна внатрешна реконструкција на хроничното одделение со површина од 450 m2, при што се поставени нови подови и плочки, целосно нови купатила и тоалети и извршено е реновирање на целата површина на ѕидови и тавани, при што е поставена целосно нова столарија и соларен систем за целото одделение.

Стручниот и болнички персонал се на ниво на својата задача остварувајќи дневен прием во просек од 3-4 пациенти, а во глобала исто толку и отпуштања на опоравени од болницата на понатамошно домашно лекување.
Ќе додадеме дека грижата за нашето ментално здравје е исто толку важна како и грижата за физичкото здравје, а со тоа и важноста на постоењето на оваа здравствена установа во наши рамки која ете успешно води грижа за овој тип здравје на популацијата веќе пет децении.

Токму на овој ден од МЗ потсетуваат на важноста за грижата на нашето ментално здравје, посебно во време на светска пандемија со Ковид-19 и упатуваат апел граѓаните да побараат стручна помош, психијатар или психолог доколку стресот е присутен во текот на дневните активности подолг период и не успеат да најдат начин како да се справат со него.

 

Last modified on Сабота, 10 Октомври 2020 - 16:07

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.