Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Првата ковид жртва евидентирана во ЦЈЗ Гевгелија

Недела, 11 Октомври 2020

Во овој празничен ден Гевгелија го бележи првиот починат пациент од ковид-19 евидентиран со последниот извештај на Институтот за јавно здравје - Скопје, а се води како случај на корона заболен и тестиран преку Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија.

Ова е прва ковид жртва во подрачјето на здравствена надлежност на ЦЈЗ Гевгелија во текот на целата епидемија која трае во земјава изминатите седум ипол месеци.

Кобниот биланс денеска на ново на држава изнесува 7 починати во болнички услови и то: пациент од Гевгелија на 67 годишна возраст, пациент од Куманово (на 63 годишна возраст), од Тетово (69г), Скопје (51 г.), Кавадарци (60г.) и двајца пациенти од Битола (60 и 79г).
На корона мапата на МК починатиот е лоциран на територијата на општина Гевгелија (дали е од населените места не е прецизирано), но се води како пациент насочен на лекување преку ЦЈЗ Гевгелија.

Денеска се евидентирани 8 новозаразени од корона на подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија и 3-ца оздравени (двајца од Богданци, 1 од Гевгелија). Во регионот на трите јужни општини има 201 заразени до сега, а активни на вирусот во моментот се 96 лица.
Во државата од направени 1648 тестирања во изминатото деноноќие регистрирани се 383 нови случаи на ковид-19. Најголем број има во Скопје 201 новозаболени. Со истиот извештај ИЈЗ известува и за 95 оздравени лица.

Есенскиот корона бран и денеска ја наполни тристотката и се приближи до 400ката веќе четврти ден по ред. Болничките капацитети се полнат, а мерките се заоструваат. Министерот за здравство очекува одобрување на мерките од комисијата за заразни болести на закажаната седница на Влада која треба да се одржи во вторник, а јасно најави дека доколку бројките бидат немилосрдни и во пораст, тогаш Комисијата ќе побара и карантин заради потребата од спречување на ширењето на заразата меѓу населението.

 

Last modified on Недела, 11 Октомври 2020 - 19:30

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.