Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Корона рекорд: МК 535, Гевгелија 24 новозаразени со коронавирус

Четврток, 15 Октомври 2020

Средината на октомври (15.10.2020 г.), ИЈЗ известува за најнов корона рекорд во државата со новодијагностицирани 535 случаи на заразени од коронавирус од направени 2.445 анализи на тестови во изминатите 24 часа.
На овој државен вирусен рекорд се придружува и Гевгелија со новодијагностицирани 24 лица на подрачјето на здравствена надлежност на Центарот за јавно здравје ПЕ Гевгелија, за изминатото денонокие, сите од Гевгелија.
Најголем број од заразените се во подрачјето на Скопје 277. Двоцифрен број на заболени има Струмица 30, Прилеп 26, Куманово 17, Тетово 18, Битола 13, Кочани 12, Велес 10, другите 16 општини се со едноцифрен број на новодијагностицирани позитивни на коронавирусот.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 168 оздравени пациенти, од кои 5 мина се од подрачјето на општина Гевгелија.
Со тоа бројката на активни на вирусот изнесува вкупно 90 на подрачјето на општина Гевгелија заедно со населените места. Активни се уште 17 лица од општина Богданци и 5 лица од општина Дојран.

Со денешниот извештај на ИЈЗ се известува за 6 починати лица во изминатото деноноќие, сите шестмина во болнички услови, и тоа пациенти од Битола (66г), Куманово (57г), Прилеп (72г), Свети Николе (69г), Велес (67г) и Неготино (55г).

Досега во земјата се направени вкупно 214.235 тестирања на Ковид -19.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.170, бројката на оздравени пациенти е 16.758, на починати е 815, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.597 лица.
Министерството за здравство алармира за почитување на мерките за заштита на граѓаните со цел спречување на ширењето на вирусот, за да не се дојде до момент на целосно исполнување на болничките капацитети и неможноста на граѓаните да им биде пружена соодветна здравствена болничка нега.

Здравството е на готовс, а граѓаните треба посериозно да ги сфатат/ме сите препораки од здравствените власти за надминување на оваа здравствена закана на новото столетие.

 

 

Last modified on Четврток, 15 Октомври 2020 - 20:09

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.