Топ Новости
Приведени илегалци кај Моин - Сабота, 10 Октомври 2020 12:44

Корона денеска: МК 438, ЦЈЗ Гевгелија 10 новозаразени од корона

Петок, 16 Октомври 2020

Најновиот извештај за состојбата со коронавирусот во нашата земја направен од ИЈЗ за изминатите 24 часа вели дека новозаболени од корона во државата има 438 случаи. Од нив 10 се на подрачјето на здравствена надлежност на ЦЈЗ ПЕ Гевгелија.
Но, податоците понатаму велат дека тројца од новозаразените со корона се од општина Богданци, тројца од општина Дојран, а четворица се граѓани од општина Гевгелија.

До сега од корона на подрачјето на ЦЈЗ Гевгелија од корона биле заразени 239 лица, од кои 120 оздравеле, а во моментот активни на болеста ковид-19 во трите општини од југот се 118 лица. Од тоа во Гевгелија активни на коронавирусот во моментот се 94 лица, во Богданци 20, а во општина Дојран 8 лица.
Кумулативната инциденца на заразување на ниво на трите општини изнесува 694,9 (односно индекс на ширење на заразата на 100.000 жители).

Во денешниот извештај на ИЈЗ се вели дека според направените анализи на 2.306 тестови во државата има резултат дека се оздравени 191 пациенти од ковид-19, а од нив 4ца од Гевгелија.

Во изминатото деноноќие во државата во болнички услови починати се 6 лица, тројца пациенти од Скопје (75, 89 и 68г), од Крива Паланка (62г), Струмица (64г) и пациент од Штип (78г).

Од денешниот извештај на ИЈЗ најголем број од новозаразените се од Скопје 200, втор загрозен град во државата е Струмица со 30 новозаразени во изминатите 24 часа, потоа Тетово 27, Куманово 21, Битола 18, Штип 17, Охрид 16, Кочани 15 и уште 16 општини со едноцифрена бројка на новозаразени со коронавирус.
Новозаразени има и тројца во Валандово. Дебар, првата општина во државата која беше во 14 дневен карантин има само едно ново позитивно лице на корона.

Заклучно со денеска, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 22.607, бројката на оздравени пациенти е 16.949, на починати е 821, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4.837.

Министерството за здравство денеска алармираше на сите можни начини преку медиуми, прес конференција, на социјалните мрежи, споделени видеа дека „Здравствените работници не можат сами“. Какви и санкции и мерки да се воведат потребна е повеќе заедничка акција на сите фактори, институции но и самото граѓанство за справување со оваа здравствена закана по човештвото.

Last modified on Петок, 16 Октомври 2020 - 20:01

.

.


ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ:

Same masen kuta

Misociis nulla interdum et. Cursus senectus aliquet pretium at tristique hac

Повеќе

Ukan mare tinu

Etiam vitae commodo dolor. Ut quis urna nisl. Nulla eu purus odio, at aliquet

Повеќе

Zaga tiko maze

Ceger nisl Pellentesque In id metus laoreet dignissim vel. Lacinia Sed

Повеќе

Xare makin opan

Mes pede elit nibh at risus tempus. Nulla semper ac nec sit massa In Curabitur

Повеќе

Dare makin oka

Puspen disse at libero porttitor nisi aliquet vulputate vitae at velit. Aliquam

Повеќе

Zate maki nako

Temper ac nec sit massa In Curabitur id risus sit. Non ante gravida eros quis

Повеќе

Nuka tisu mako

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Seru cadin retu

Lorem ipsum dolor sit amet, consetetur sadipscing elitr, sed diam nonumy eirmod

Повеќе

Tina okun zagon

Duis sit amet velit quis augue sollicitudin tempus eget ut dui. Vestibulum ante

Повеќе

Rana casen maki

Pendisse erat dolor, dictum in interdum non, molestie at lorem. Vivamus

Повеќе

 
 

 

 
 

Не пропуштајте ...

2014 Сите права задржани © ГевгелијаНет
Не е дозволено превземање на вестите без писмено одобрување.